Дефенса и Хустисија е клуб основан во 1935-та година, но до 1978-ма година не играл во официјалните лиги туку во аматерски турнири. Овој клуб во најдобрата аргентинска лига игра од 2014-та година и никогаш не освоил некој голем трофеј.
Само една година откако го назначија легендарниот Ернан Креспо за тренер, го остварија најголемиот успех во клупска историја - во финалето на Копа Судамерикана (Лига Европа за Јужна Америка) го совладаа аргентинскиот Ланус со 3:0. Мечот се играше на стадионот „Марио Кемпес“ во Кордова.
Јунак на големото финале стана 29-годишниот Брајан Ромеро кој скоро цела кариера игра во Аргентина (само една сезона бил во Бразил). Брајан ја завршил сезоната во Копа Судамерикана како најдобар стрелец со 10 гола.
🔥 ¡El gol @qatarairways de la Final de la CONMEBOL #Sudamericana! La gran definición de Braian Romero para poner el 2-0 del campeón, @ClubDefensayJus, ante #Lanús.
— CONMEBOL Sudamericana (@Sudamericana) January 23, 2021
🏆 #LaGranConquista pic.twitter.com/vDrb8X0qQI
Дефенса го постигнала последниот гол во судиско продолжение, а Креспо на клупата и неговите ќерки на трибините скокаа од радост.
🔰🙌 Ese momento de gloria, ese momento inolvidable. ¡Guarden esto, hinchas del Halcón!
— CONMEBOL Sudamericana (@Sudamericana) January 23, 2021
Los últimos minutos de la Gran Final, el tercer gol de @ClubDefensayJus y todos los festejos del ¡campeón de la CONMEBOL #Sudamericana 2020! pic.twitter.com/1JPPbClspI
Страста за фудбалот во Јужна Америка е огромна, па така една од ќерките на Креспо плачеше од среќа за успехот на татко ѝ:
🏆😍 ¡Un llanto de felicidad! @Crespo celebró con sus hijas el título de @ClubDefensayJus en la CONMEBOL #Sudamericana 👏 pic.twitter.com/ZOjRv1wagf
— CONMEBOL Sudamericana (@Sudamericana) January 23, 2021
Со овој триумф во Копа Судамерикана, Дефенса доби автоматски директен пласман за елитниот Копа Либертадорес следната сезона. Екипата и во актуелнава сезона играше во Копа Либертадорес но испадна како третопласирана во групата и продолжи во Судамерикана.
Култниот напаѓач кој се прослави во Парма, Лацио и Милан, тренерската кариера ја почна во 2014-та во Италија. Година дена претходно полагал за лиценца UEFA Pro заедно со Ѕамборта, Гросо, Матераци и Филипо Инзаги.
Прво работеше како тренер на младинците на Парма а потоа кратко ја водеше Модена во Серија Б но без успех.
Во декември 2017-та Креспо се врати во родната Аргентина и седна на клупата на Банфилд. Но првиот успех му стигна во 2021-ва кога со Дефенса и Хустисија, клуб од предградието на Буенос Аирес стана шампион во Копа Судамерикана.