Оваа генерација на фудбалери предводена од Сер Мет Базби чија просечна старост била 21 година ја освоила англиската лига во 1956-та и 1957-та година, а на „Бебињата на Базби" им се предвидуваше дека ќе доминираат и во европскиот фудбал.
Но на тој црн 6-ти февруари, на враќање од натпреварот во Европскиот Куп во Белград против Црвена Ѕвезда, авионот со експедицијата на Манчестер Јунајтед се сруши во Минхен.
Од 44 патници во авионот, загинале 23, помеѓу кои и осум фудбалери и тројца членови на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед.