Чистачот на аеродром кој си направи проблем со бистата на Кристијано

Насмеаните лица, коктели и многу фоторепортери на големата свеченост по повод преименувањето на аеродромот во родниот град на Роналдо не го најавувале пеколот низ кој поминал „вајарот“.

„Дури Бог не може да им угоди на сите. Сè е прашање на вкус. И не е така едноставно како што се мисли“, во интервју за Globo Esporte рекол скулпторот на фамозната биста на Кристијано Роналдо, Емануел Сантош.

Целата приказна почнала пред една година кога на островот Мадеира каде што е роден Кристијано Роналдо, локалниот аеродром го преименувале во чест на најдобриот фудбалер на светот според ФИФА.

Властите организирале церемонија, го поканиле фудбалерот и неговото семејство а пријатен бонус требала да биде и бистата, статуата на Кристијано која што ја вајал некој непознат скулптор-аматер Емануел Сантош.

На церемонијата фудбалерот на Реал Мадрид прочитал одличен говор, а после церемонијата во VIP салата на аеродромот помуабетил и со скулпторот Сантош, жена му и син му: „Го прашав што мисли за бистата, и ми одговори дека му се допаѓа“.

Син му на Емануел тогаш добил топка со автограм од Кристијано: „Беше пресреќен и горд. Викаше: ’Татко ми е скулптор! Јас сум горд со тато!’ - се сеќава жената на човекот кој ја направил статуата. Кога се враќале дома малиот трчал по улица и викал: ’Гледајте добив топка од Кристијано Роналдо’.

***

Емануел Сантош има 41 години, живее на островот Мадеира, и како секој Португалец, го обожава Кристијано. Во интервју за реномираниот Bleacher Report Сантош потегнал паралела меѓу себе и својот идол: „Кристијано секогаш се стреми да биде најдбоар. Не сакам да бидам надмен или нешто слично, но и јас имам вроден талент и отсекогаш сакав да му го покажам својот талент на светот“.

Емануел израснал во скромно семејство. Мајма му водела сметка за куќниот буџет, а татко му заработувал од риболов (сезонска работа од март до септември), а после риболов одел да ги нахранува домашните животни. Често менувал и риба за овошје, зеленчук, месо, така што децата не гладувале никогаш, иако пари немале доволно.

Емануел како помал бегал од школо и трчал по блиската плажа. Таму наоѓал глина и бамбусово дрво од што правел играчки (војничиња, каубојци, колички и фудбалски топки) за себе и за другарите.

Емануел Сантош сакал да студира, да го развива талентот но немал доволно пари. Беспарицата ја решавал како келнер, столар, молер, сликар, градинар и слично, но никогаш не се занимавал со своето омилено вајарство.

„Кога сум разочаран или нерасположен седнувам да работам скулптури“, вели Сантош во интервјуто за Bleacher Report.

За истото издание додава и жена му:

„Кристијано е роден во Мадеира и заедно со Емануел имаат слична животна историја. Роналдо почнал од нула исто како и Емануел и на двајцата подоцна им се изменил животот. Додека ја правеше бистата на Кристијано, Емануел мислеше дека тоа ќе биде појдовна точка во неговата кариера како скулптор“.

***

На почетокот на 2017 година Сантош работел како хигиеничар и превозник на аеродромот во Мадеира. Кога дознал дека скоро аеродромот ќе биде преименуван во чест на Кристијано, тој помислил дека бистата која што ја прави одлично би можела да се вклопи во имиџот на фудбалерот и воопшто, со насмевка да ги пречекува гостите кои слетуваат на аеродромот.

Емануел начекал прилика да го запознае директорот на аеродромот Франциско Фернандеш со идејата:

„Тој ми кажа да работам на бистата и кога ќе имам време задолжително да му ја покажам нему“, вели Емануел кој во истиот момент почнал да симнува, да бара, да наоѓа фотографии од Роналдо и нарачал 50 килограми глина од пријател од Порто.

Тој никогаш не правел нешто слично, ниту пак работел на бронзана биста но не смеел да пропушти таква шанса.

Како изгледала глинената верзија

Емануел начекал прилика да го запознае директорот на аеродромот Франциско Фернандеш со идејата:

„Тој ми кажа да работам на бистата и кога ќе имам време задолжително да му ја покажам нему“, вели Емануел кој во истиот момент почнал да симнува, да бара, да наоѓа фотографии од Роналдо и нарачал 50 килограми глина од пријател од Порто.

Тој никогаш не правел нешто слично, ниту пак работел на бронзана биста но не смеел да пропушти таква шанса.

Сантош две недели работел на бистата. На крај ја донел и му ја покажал на директорот Фернандес кој ги запознал со делото важните луѓе и семејството на Кристијано.

Фамилијата на Роналдо ја претставувал брат му Уго Авеира којшто живее на островот, раководи со музејот CR7 во родниот Фуншал и ги бере плодовите од неколку лични предмети на Кристијано.

Компанијата која што потпишала договор за организација на церемонијата му дала на Сантош 1.000 евра за работата со бистата. Скулптурата потоа требала да мине две етапи: да биде обработена со гипс и бронза. Сантош во тоа време отишол кај Уго Авеира во неговата канцеларија со бистата, му ја сликале и пратиле на Роналдо и Кристијано ја одобрил скулптурата.

Почеток на маките

Bleacher Report направил документарка за несудениот вајар Сантош следниот ден по презентацијата на бистата:

„Памтам колку тешко ни беше тогаш“, вели жена му со насолзени очи. Се почна околу 15 часот напладне. Ми заѕвони сестра ми и ми кажа: „Еј, видовите ли што се случува на интернет? Многу луѓе се потсмеваат со бистата, некои дури и пишале: ’Треба да се убиеш’.

А самиот Емануел во документарецот го масира челото и пробува да ги скрие солзите: „Се се сруши наеднаш. Тоа се испостави како голема одговорност“. 

Педро Васконсело, консултант по IT, којшто ја водел целата церемонија на откривање на бистата раскажал дека бил шкоиран од растот на показатели на социјалните мрежи - имало околу милион коментари од кои многу биле мошне непријатни и тоа само во првите 24 часа.

За неколку дена бистата станала попопуларна од самиот Кристијано. Медиумите се исмевале со делото, десетина илјади мемиња за бистата се појавиле на социјалните мрежи.

Со бистата се потсмевал и комичарот Џејмс Корден: „Погледнете го ова! Ужасно е! Една од најгрдите скулптури на Роналдо. Од друга страна тоа е една од најдобрите статуи на Гери Бјузи.

„Со ноќи сите тие мисли ме прогонуваа, тешко беше да ги контролирам. Се изолирав, не сакав да зборувам со никој“, вели Сантош.

Луѓето на улица го исмевале него и неговото семејство а од малиот остров Мадеира немал каде да оди. Родителите најмногу се секирале дали децата во школо ќе го закачаат нивниот син, но ситуацијата максимално добро ја контролирале учителите.

Но во целата мака, Сантош добил поннуда од скандалозната обложувалница Paddy Power која што му предложила да направи биста со Герет Бејл за финалето на Лига на шампиони во Кардиф.

Интересно, и самиот Bleacher Report му дал уште една шанса на Португалецот - му нарачале да направи нова биста на Роналдо, а овојпат тој го поправил концептот.

Роналдо веќе не е така окезен како на првата биста. „Зборував со повеќе скулптори и ми кажаа дека бистата која што се прави во природна состојба (не насмеано лице, туку посериозно), повеќе и се допаѓа на публиката“, заклучува Сантош којшто работел како советник во општината Канисал каде што заработувал по 270 евра месечно.