Златната статуа најпрвин ја освои селекцијата на Уругвај, а во 1934 и 1938 година отиде во рацете на Италија. Последен пад беше кај Бразилците откако го освоија третиот Мундијал во 1970-та, а беше украдена во 1983 година.
Од Светската куќа на фудбалот објавија дека делот од трофејот „Жил Риме“ го пронашле во подрумот на главното седиште на ФИФА, а директорот на музејот на ФИФА изјави дека во 1954-та го сместиле на нова локација.
„Сметаме дека ниту еден претседател на ФИФА после Жил Риме ја нема видено и мислиме дека трагата и се губи во Бразил. Ова е како да пронајдете Екипетска мумија. Не можете да и ставите цена, бидејќи е семеен накит“, рече Давид Осел.
Жил Риме е третиот претседател на ФИФА со најдолг 33 годишен стаж од 1921 до 1954 година. Десет сантиметри големата основа од статуата ќе биде сместена во новиот музеј на ФИФА, кој ќе се гради во Цирих и ќе биде отворен во март 2016 година.