Газдата на Кардиф, Винсент Тан моментално е најесктравагантен лик во Премиер лигата, а овој примат во минатото го држеше Мојамед Ал-Фаед за време на неговото 17-годишно владеење со Фулам.
Неколку години по напуштањето на клубот, 85-годишниот Египќанец сè уште ги полни страниците на медиумите. Сега тој ја откри причината заради која Фулам по 13 години ќе испадне од Премиер лигата. Тоа е статуата на Мајкл Џексон која тој ја постави пред стадионот на Фулам, а новиот сопственик Шахид Кан ја отстрани по купувањето на клубот.
„Статуата носеше среќа и сега мора да се плати цената. Кога Кан ме праша дали да ја тргне, јас му реков дека е луд. Сега тој ја плати цената со испаѓањето од Премиер лигата. Ми се јави и бараше Мајкл да се врати, но му реков дека нема шанси тоа да се случи", изјави Ал-Фаед.
Мајкл Џексон му беше пријател на Ал-Фаед и присуствуваше на натпреварот против Виган во 1999-та година уште пред Фулам да биде во Премиер лигата. Ал-Фаед тврдеше дека Мајкл Џексон е голем навивач на клубот и во 2011-та година постави негова статуа пред стадионот.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.