И покрај тоа што Малезиецот Винсент Тан го спаси клубот од финансиските проблеми и го врати клубот во Премиер лигата по пауза од 51 година, тој бргу стана најомразен лик.
Откако Тан го купи клубот во 2010-та година, „сините птици" се претворија во „црвени змејови". Традиционалната сина боја на дресовите ја замени со црвена, а на логото на клубот наместо сината птица сега се наоѓа голем црвен змеј.
Малезиецот дури најавија и дека ќе го промени името на клубот доколку се пласираат во Премиер лигата и во иднина ќе се викаат Кардиф Сити Драгонс, но по големите протести на навивачите тој се откажа од оваа идеја.
Дел од навивачите престанаа да одат на стадион, а некои од нив во знак на револт почнаа и да ја продаваат својата лојалност на eBay.
На Тан не му беше многу гајле и продолжи да си ја тера својата работа. Тој го отпушти тренерот Малки Мекеј и покрај тоа што стратегот имаше голема поддршка од навивачите, а го избрка и главниот скаут и на негово место го стави школскиот другар на неговиот син кој во клубот работел како молер.
Последниот бисер на Винсент Тан е неговата наредба да се потпишува само со фудбалери кои имаат осмица во датумот на раѓање затоа што тоа е среќен број во Малезија.
А за неговиот стил на облекување не се потребни никакви коментари:
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.