Сопственикот на Кардиф Сити, Винсент Тан кој го купи клубот во 2010 година, веќе од наредната сезона во која екипата најверојатно ќе се натпреварува во Премиер лигата најави дека новото име на клубот ќе биде Кардиф Сити Драгонс.
Навивачите бурно реагираа, но најпаметно изигра 28 годишниот Пол Вудман кој за само 13 фунти отвори фирма под името Кардиф Сити Драгонс и го заштити името во кое Тан сакаше да го преименува клубот.
„Веќе неколку години купувам годишна влезница за мојот омилен клуб и не ми се допадна идејата за менувањето на името. Тоа го прават во некои рагби клубови за имињата на клубовите да звучат поблескаво", изјави Вудман.
Доколку газдата на Кардиф сака да го искористи името Кардиф Драгонс или Кардиф Сити Драгонс ќе мора да се обрати кај навивачот, кој изјави дека ниту една сума на пари нема да го предомисли и да ги продаде правата за името.
Инаку Малезиецот Тан веќе ги налути еднаш навивачите менувајќи ја 106 годишната традиција на Кардиф. Сината боја на дресовите ја замени со црвена, а на логото на клубот наместо сината птица се наоѓа голем црвен змеј.