Таг: винсент тан

Газдите на кои не им е доста еден клуб

Зошто да имам клуб во Премиер лигата кога можам и во Сараево или што ќе ми еден или два Ред Була кога можам да имам пет. Главната цел на милијардерите не е да го развијат фудбалот, туку да им пораснат милијардите. Сегде би вложиле, само да им се врати дупло. Што, да не не е така?

Или сина боја или празен стадион во Кардиф

Навивачите на клубот од Велс за денес организираат марш за враќање на традиционалната сина боја, која сингапурскиот газда им ја смени во црвена заедно со грбот на клубот.

Газдата на Кардиф недозволено ветувал бонуси

Повторно нашиот офсајд лик на годината се најде во медиумите заради лоши вести. Премиер лигата ќе започне истрага против Винсент Тан заради сомневањето дека на неговите фудбалери им нудел бонуси.

Нашиот омилен офсајд лик тргна во акција

Само неколку дена му беа потребни на Тан за да почне и оваа година да си поигрува со клубовите каде што станува газда.

Офсајд лик на годината: Винсент Тан

Во 2013-та имавме офсајд ликови на денот и на неделата, а неколку од нив заслужија да го добијат и годишното признание, но ние се одлучивме за Винсент Тан, еден од најомразените и дефинитивно најлошо облечен човек во фудбалот.

Скандал во Премиер лигата сличен на оној во Миравци

Тренерот на македонскиот второлигаш Миравци си поднесе оставка поради тврдењата дека газдата натепал еден од фудбалерите затоа што не му подавал на син му. Сопственикот пак на Кардиф Сити го избрка главниот скаут и на негово место го стави школскиот другар на неговиот син кој работел како молер во клубот.

Газдата на Кардиф ќе прави фудбалски гигант во Сараево

Арапските милијарди владеат во големите лиги, Италијани вложуваат во хрватскиот фудбал, руски милиони почнаа да се влеваат во српскиот фудбал, а сега и малезиски капитал ќе прави балкански фудбалски гигант во Сараево. Македонија никако да ја најдат на мапа.