По речиси две годишни протести, навивачите на Кардиф не успеаја во намерата да го вратат логото со сината птица, така што црвениот змеј и натаму е официјалниот грб на Кардиф Сити.
„Мора како знаат следната сезона домашните натпревари да ги играме во сини дресови. Цели две години пред одлуката за денешниот марш управата нè игнорираше и на тој начин направи голема поделба меѓу нас навивачите и нив“, стои во писмото на навивачите на Кардиф.
Винсент Тан, контроверзниот сопственик од Сингапур, во сезоната 2009/2010 го купи Кардиф и ги плати долговите на клубот од 24 милиони фунти. Во јануари 2014. Кардиф соопшти дека е во загуба од 30 милиони фунти, без разлика на тоа што Сингапурецот мислеше дека со црвениот змеј и со црвената боја ќе го промовира клубот во Азија.
„Да ги исправиме мостовите, управата најпрвин мора да ја почитува клупската историја и традиција стара повеќе од 100 години. Во случај и по денешниот апел да немаат слух за нашите барања, секој од нас нема да купи сезонска карта за следната сезона, а актуелните сезонски карти ќе ги продаваме на И-беј“, напишале навивачите на Кардиф во писмото адресирано до управата.
Велскиот клуб во моментов е 12. во Чемпионшип дивизијата со пет натпревари без победа. Во петок, Кардиф го пречекува Колчестер Јунајтед во третата рунда од ФА купот.