За нашиот офсајд лик Винсент Тан веќе добро знаете, затоа што него "му ја посветивме" 2013 година. На човекот едноставно му стана хоби да менува традициии на клубови секаде каде што ќе стане сопственик, а сега тоа ќе го прави во својата земја.
Последната жртва која ќе мора да постапува според неговите желби е малезискиот клуб Кедах кој е присилен да ги менува боите на своите дресови од зелени и жолти во црвени, исто како и изгледот на логото, а тоа се разбира се должи на нивниот нов контроверзен инвеститор.
Навивачите на трикратниот малезиски првак се бесни, исто како што беше случајот со оние на Кардиф Сити, а секретарот на клубот изјави дека тоа не го правеле поради нечии желби и вкусови, туку дека тоа било дел од трансформацијата за развојот на фудбалот во Малезија.