Бронзената скулптура, дело на Василе Гордуз, наводно го претставува раѓањето на романската нација, преку мешање на припадниците на Римската империја и древните дакијски племиња.
Гордуз, кој починал во 2008., бил значајна фигура во романскиот уметнички естаблишмент, и професор по скулптура на Универзитетот во Букурешт.
„Никогаш не сум видела нешто толку гротескно, волк со глава на питбул, опашка на гуштер и тумор на вратот, кој е носен од човек кој е очигледно засрамен од неговата голотија" - изјавила една минувачка за Би-би-си.
Дури и кураторот на музејот се придружил на критиките, велејќи дека порано или подоцна скулптурата ќе мора да се отстрани. „Не сум конзервативен, но статуата не требало да биде поставена заради нејзиниот сомнителен уметнички квалитет", изјавил Ернест Оберландер Тарновеану.
Романскиот сатиричен сајт Times New Roman коментираше дека градоначалникот на Букурешт за прв пат открил споменик посветен на локалните кучиња-скитници. Други критичари се прашуваат зошто кучето левитира, и зошто тоа носи шал додека „царот не носи дури ни гаќи". Ќути, кај нас бар сите се облечени.