Бившиот српски министер кој стана бездомник

Некогашен министер за образование во српската влада и универзитетски професор деновиве бил најден премрзнат на клупа во парк. Приказната е тажна а богами и поучна, само што секогаш постои можност некој да извлече поинаква поука. Па да почне да краде уште повеќе за да се обезбеди на време. Едит: Оваа приказна на српски Курир, други српски сајтови (Блиц, Информер) ја прогласија за тотална измислица. Бетер се од нашиве.

Приказната на Курир:

Слободан Вуксановиќ беше министер во владата на Коштуница, важеше за високо позициониран српски политичар, патем и доктор на науки и универзитетски професор. Денеска живее како бездомник по комплетниот приватен крах во кој го изгубил и бракот и професијата по што дигнал раце од себе.

По пријава на граѓани, неодамна бил најден гладен и премрзнат на клупа во парк. Признал дека веќе е пријавен како бездомник но одбил да оди во дом за згрижување.

Човекот среде ноќ беше во парк на голем минус. Беше изнемоштен, се тресеше од студ, на себе имаше само една тенка јакна и ранец покрај себе. Беше викната екипа која бргу стигна, констатираа дека не е пијан туку само многу слаб и изнемоштен. Кај себе немаше документи но кажа дека бил министер и универзитетски професор и раскажа дека ги изгубил сите ангажмани а по разводот се отселил од заедничкиот стан, вели сведок на случката.

Некогашните колеги на Вуксановиќ не сакале да ја коментираат тешката ситуација во која тој има западнато но неофицијално потврдиле дека неговиот пропаст започнал со губењето на министерската фотеља. Се отуѓил од пријателите и од сите други со кои се знаел или соработувал. Своевремено бил угледен професор кого студентите го обожавале, но откако ја изгубил работата а му пропаднал и бракот, комплетно дигнал раце од себе.

Роден е во 1965 година. Завршува Филозофски факултет во Белград, отсек за Општа и југословенска книжевност. Магистрира (1993) и докторира (1998) во Нови Сад. Во 2.000 се кандидира за претседател на Демократската странка, како противкандидат на Зоран Ѓинѓиќ. По неуспехот, во 2001 година формира нова партија која подоцна колективно влегува во ДСС на Коштуница. Министер е за образование и спорт од 2004 до 2007. Во 2013 година ја напушта ДСС бидејќи, како што тогаш рекол, се чувствувал одвишен.

*****

Приказната на Информер и Блиц:

Вуксановиќ не е ни бездомник ни без работа. Вработен е како професор на приватен факултет за применет менаџмент а живее во стан на Врачар.

*******

Наравоучение: Се враќаме на старата навика од север да им веруваме само на белградско Време и одбрани автори од некои други српски извори. Ова другово све тиња.

23 јануари 2017 - 15:34