Народе, крајно време е да се прекине со ова жалење по Нова година и јасно и гласно да се каже: Луѓето низ светот никогаш не биле подобро, поздрави и посреќни. Природна предиспозиција на нашиот мозок е да ги памти само лошите вести и нема сомнеж дека имаше многу такви. Тоа исто така е една од причините зошто сите добри вести минуваат незабележано. Друга причина е што овие позитивни работи најчесто се случуваат посуптилно, надополнувајќи се низ децении и со тоа никогаш не успеваат да остават поголема трага на човечкиот емоционален радар.
Луѓето отсекогаш биле уверени дека работите само што станале полоши. Во едно истражување од 2015 само 6% од Американците го тврдат спротивното. Во 2010, 2005 и 2000 бројот на оптимистите е слично низок. Меѓутоа таквото чувство не е точно, тврди Макс Розер, професорот по економија на Универзитетот Оксфорд.
Според статистиките на Росер, бројот на луѓето што живеат во сиромаштија постојано опаѓа, земајќи ја предвид светската популација. 1981, 44% од жителите на Земјата живеат во услови опасни по живот: Во 2015 овој број е паднат под 10%, дури и покрај постојаниот раст на светската популација. Во текот на истиот временски период, сè помалку луѓе се неписмени, смртноста на новороденчиња опаѓа низ сите општествени класи, очекуваниот животен век е во постојан раст и покрај актуелните конфликти како оние во Сирија, историски споредено, бројот на луѓето што умираат од насилство опаѓа.
Сепак, оптимистите и понатаму се далеку помалобројни. Истражувањата покажуваат дека луѓето се уверени дека екстремната сиромаштија бележи раст, дека има повеќе криминал и сè помалку и помалку надеж за иднината. Перцепцијата е калибрирана од силата на негативните настани, кои, згора на сè, обично се случуваат експлозивно: земјотрес, хуманитарна катастрофа, сите тие предизвикуваат огромни емоции. Долгорочните трендови за подобар живот, од друга страна, тешко дека создаваат драматични слики, ниту пак се вешти во давање убедлив наратив. Добрите вести се случуваат во тишина и го одминуваат вниманието на масите.
Ова е трагедија сама по себе. Тоа што сме преплавени со сликите од свет што е нереалистичен и негативен не создава ништо друго освен страв. А стравот, како што знаеме, обично води до лоши одлуки. Со некои од нив барем некое време сме заглавени.