Зето
Ако некој сака да му шитне идеја на Трамп, ќе мора прво да ја тестира кај неговиот зет. Неговата моќ првенствено лежи во тоа што е фамилија. Близок соработник на Трамп има кажано: „Трамп понекогаш му се дере на Џаред ама знае дека тој ќе биде на семејната софра на следниот празник“. Портфолиото на Кушнер содржи многу елементи, од Израел до трговија но влијанието не му е ограничено само на конкретни теми.
Брокеро
Гери Кон беше топ менаџер во озглогласната Голдман Сакс и правен е од истиот материјал како Трамп. А овој посебно цени луѓе кои се како него. Кон не беше инволвиран во кампањата па неговото профилирање допрва ќе се види. Но, се знае дека Трамп во него има има голема доверба за економски прашања па се очекува Кон да остави свој ракопис во даночните реформи и федералните резерви.
Мозоко
Стефан Милер кој го пишуваше инаугуралниот говор важи за чувар на националистичкиот оган во кампот на Трамп. Се смета за човек од идеи кој знае да одбере теми и поенти кои ја одушевуваат изборната база на Трамп. Беше прв соработник на сенаторот Џеф Сешнс од Алабама кој го фаќа министерството за правда.
Архитекто
Стив Банон има многу интересна и шарена биографија која од Годламн Сакс го одведе во креирањето на информативната империја Брајтберт. Според сите познавачи тој е главниот стратег на Трамп кој на дневно ниво ги одредува приоритетите и пораките. На состаноци не зборел многу но велат дека инсистирал на конфронтација со елитите.
Ефикаснио
Прибус е најважниот вработен во Белата куќа и е главен на човечкиот дел од машинеријата. Во таа глутница од амбиоциозни и некогаш бескрупулозни луѓе, тој треба да биде алфа - мажјакот.
Гласо
Има искуство со креирање кампањи и со истражувања на јавни мислење но нејзината сила најмногу произлегува од фактот дека Трамп обично инсистира да слушне што таа мисли. Често ја има по телевизии и панел дискусии каде вешто ја брани каузата.
ЕДИНСТВЕНАТА
Татко - ќерка, јасно е. Познавачи велат дека никој нема поголемо влијание врз Трамп од неа која му е ќерка, муза, миленичка, заштитник и тајно оружје. Велат дека ниедна жена досега немала толкава моќ врз првиот човек во Белата куќа како Иванка. Останува да се види кога и како ќе посака да ја искористи.