За споредба Блумберг дава една неодамнешна кинеска инвестиција во европскиот фудбал по која италијански Милан беше проценет на 795 милиони долари. Она што не е утеха за Милан, е дека цената на Пекинг Гуан е поголема и од вредноста на ланскиот финалист во Лигата на шампиони, Атлетико Мадрид, кој е проценет меѓу 604 и 660 милиони долари.
Во корист на кинескиот фудбал оди и тоа што Пекинг Гуан не е ни најскапиот клуб во Кина. Моментално на прво место по вредност е Евергранд Таобао кој е кинески шампион последните 6 сезони по ред, и е проценет на 2,9 милијарди долари.
Според извештајот на Делојт од почетокот на неделава, натпреварите од првата лига во Кина имаат просечна публика од 24.200 гледачи, што е повисоко од италијанскиот просек. Во исто време приходите од преносите на натпреварите минатата година се зголемиле за 11 пати, и изнесуваат, за УЕФА размери смешни, 145 милиони долари.
Пекинг Гуан нема освоено шампионска титула од 2009, ама и покрај тоа успева да одржи просек на публика на домашен терен од околу 40.000 гледачи по натпревар.