Што не е во ред со генерацијата родена после 1984?

Имаме старосни граници кога се во прашање цигари, алкохол и коцкање, а немаме старосни граници кога се во прашање мобилни телефони и социјални мрежи. Тоа е како да отворите бифе со алкохол и на тинејџерите да им кажете - ако ве мачат адолесцентски проблеми, послужете се. Баш тоа се случува, објаснува британскиот автор Симон Синек.

Неколку негови забелешки пост 1984-та генерацијата, што тој поопширно ќе ги објасни:

- Постарите генерации се збунети со нивното однесување, па само ги прашуваат што сакаат и им го удоволуваат тоа што ќе го побараат.

- Милениумците се израснати со погрешна стратегија за воспитување, каде цело време им се збори дека се посебни, дека можат да имаат што ќе посакаат, само затоа што тоа го посакале.

- Проблемот го влошува тоа што растат во свет на Фејсбук и Инстаграм. Со други зборови добри се само да "разубавуваат работи" и да покажуваат колку им е убав животот, иако се депресивни.

- Технологијата

- Некои го откриваат алкохолот како решение на проблемите.

- Фејсбук и депресија.

- Имате генерација која расте со ниска самодоверба, без механизам да се справи со стресот.

- Кога одите на спиење, оставете го телефонот во дневна, за да немате искушение.

 

25 јануари 2017 - 15:09