Во мракот пред зората на денот на инаугурацијата, како долгогодишна либерална феминистка која гласаше за Трамп за претседател, соочена сум со изборот: да ги врзам моите розови Најк патики и да го фатам метрото кон инаугурацијата во главниот град на нашата земја, или да почекам и да одам на утрешниот "афтер-парти", наречен "Женскиот марш на Вашингтон"?
Гардијан го претставува "Женскиот марш на Вашингтон" како "спонтана" акција за правата на жените. Друг либерален медиум, Вокс, зборува за "масовната, спонтана поддршка" зад маршот. На својот сајт организаторите на маршот ја промовираат својата работа како "грасрут обид" со "независни" организатори. Дури и моето локално јога студио, Драга јога, изнајмува автобус и нуди превоз за 35 долари.
Ова е идеја што јас, либерална феминистка, би ја прифатила. Ама јас знам - и најголемиот дел од Америка знае - дека организаторите на маршот имаат пропуштено да стават нешто во нивниот манифест: маршот не е стварно "женски марш". Туку е марш жените кои се анти-Трамп.
Како некој што гласал за Трамп, не се чувствувам добредојдена, а така се чувствуваат и голем број други жени што ги одбиваат либералните политики на идентитетот кои се сржта на самиот марш, до сега, правејќи белите жени да се чувствуваат недобредојдени, одбивајќи ги жените кои се спротивставаат на абортус и преземајќи ја целата агенда.
За подобро да го разберам маршот, неделава седев до доцна навечер истражувајќи го финансирањето, политиката и главните ставови на околу 403 групи кои се "партнери" на маршот. Дали ова е непартиски "Женски марш"?
Рој Спекхард, извршниот директор на Американската хуманистичка асоцијација, која е "партнер" на маршот, ми кажа дека неговата организација била "непартиска" меѓутоа има "голема загриженост околу претстојната администрација на Трамп која вклучува она што ние го сметаме за шовинистички пристап кон жените." Ник Фиш, националниот директор за програма на Американски Атеист, ми рече "Ова не е партиски настан". Денис Вајли, пастор од Обединетата баптистичка црква на Исус, кој исто така е партнер, ми одговори дека "ова не е партиски марш".
Стварно? На UniteWomen.org, уште еден партнер, има видеа со хаштагови #ImWithHer, #DemsInPhily и #ThanksObama. Следејќи ги парите, разгледав низ документите на милијардерот Џорџ Сорос и неговата Отворено општество филантропија, бидејќи се прашував: Која е поврзаноста меѓу еден од најголемите донатори на Хилари Клинтон и "Женскиот марш"?
Излезе дека е: голема.
Според моето драфт истражување, што го отворам за соработка на Гуглдокс, Сорос има финансирано, или има блиски врски со најмалку 56 "партнери" на маршот вклучувајќи ги и "клучните партнери" Планирано родителство, кое се спротивставува на анти-абортус политиките на Трамп, и NRDC (National Resource Defense Council) кој се спротивставува на политиките на Трамп за животната средина. Останатите врски на Сорос со организациите од "Женскиот марш" го вклучуваат партискиот MoveOn.org (кој беше остро про-Клинтон), Националната мрежа за акција (чија поранешна извршена директорка фалена од високата советничка на Обама, Валери Џарет како 'лидерка на иднината', беше ко-претседател на маршот, а друг нивен функционер како 'прв човек за логистика'). Други организации финансирани од Сорос кои се 'партнери' на маршот се Американската унија за граѓански слободи, Центарот за уставни права, Амнести интернешнл и Хјуман рајтс воч. Организаторите на маршот и организациите именувани тука се уште немаат вратено на барањата за коментар.
За прашањата за кои јас како муслиманка сум загрижена, "Женскиот марш", за жал, ја зазема позицијата од партиската политика која ги избегнуваше прашањата околу исламскиот екстремизам во 8-те години од администрацијата на Обама. Партнерите на "Женскиот марш" го вклучуваат Советот на американско-муслимански односи (CAIR), кои не само одбиваат да зборуваат за прашањата околу муслиманскиот екстремизам по 11-ти септември, туку се спротивставуваат и на реформите на исламот кои ќе дозволат жените да водат молитви или да се молат пред џамиите, без да носат марами како симбол на нивната одмереност. Меѓу партнерите исто така е и SPLC (Southern Poverty Law Center), кој погрешно го обележа Мааџид Наваз, муслимански реформатор, како "анти-муслимански екстремист" врз основа на извештаите објавени пред изборите. SPLC ми потврдија дека Сорос ги има финансирано нивните извештаи за "анти-муслимански екстремисти" чија мета беше Наваз. (Иронично, CAIR исто така е против абортуси, меѓутоа нивниот лидер сепак доби една од главните говорнички улоги на маршот.)
Уште една организација финансирана од Сорос и "партнер" на маршот е Арапско-американската асоцијација на Њујорк, чија извршна директорка, Линда Сарсур, е ко-претседател на маршот. Кога пишував текст во кој тврдев дека муслиманките не мора да носат марами како симбол на "одмереност", таа ме нападна мене и мојата ко-авторка како "маргинални" случаи.
Неодамна, најмалку 33 од 100 'жените со боја', кои првично протестираа против изборот на Трамп на улични протести, работеа во организации кои добиваа финансирање од Сорос, делумно за "црно-кафеав" активизам. Секако, Сорос е "идеолошки филантроп", чии интереси се во линија со многу од овие групи, меѓутоа тој исто така е и значителен политички донатор. Во Давос, тој им кажа на новинарите дека Трамп е "диктатор во најава".
Портпаролката на Отворено општество фондацијата на Сорос, изјави: "Има голем број погрешни извештаи дека Џорџ Сорос и Фондацијата отворено општество ги финансираат протестите по претседателските избори во САД. Нема вистина во овие извештаи." Таа додаде: "Ние поддржуваме голем број на организации - вклучувајќи ги и оние кои поддржуваат жени и малцинства на кои историски има биле ускратени еднаквите права. Голем број од нив се загрижени до што може да доведе промената на политиката. Горди сме на нивната работа. Секако, ние го поддржуваме правото на мирно собирање на сите Американци - како витално, и уставно гарантирано, како столб на функционална демократија."
Исто како што пост-изборните протести, кои вклучуваа плакати како "Убиј го Трамп", не беа "спонтани", како што тоа го пренесоа некои медиуми, "Женскиот марш" е продолжените на стратешките политики на идентитет кои денес толку многу ја имаат растргнато Америка, од кампуси до заедници. И на лево и на десно, ова е погрешно. Меѓутоа, кај инаугурацијата, политиката ни е јасна. Со маршот, "жените" се присвоени за очигледно анти-Трамп ден. Кога ги споделив моите ставови со нејзе, сопственичката на моето јога студио рече дека е "тажно" што организаторите на маршот ги маскираат своите политики. "Сакам љубов за сите," ми кажа таа.
Острата политика на идентитет на левицата и нејзините неуспеси кај исламскиот екстремизам беше причина да го изгубат мојот глас на минатите избори, па, како што првите зраци на утрото го разбиваат мракот додека пишувам, ја носам мојата одлука: ќе ги врзам моите розови Најк патики и одам на инаугурацијата, прескокнувајќи го "Женскиот марш" на кој нема место за жени како мене.