Микрофоните не го забележаа она што Трамп тоа утро пред зградата на Капитол и го кажа на својата доселеничка драга, а јас мислам дека и го кажа следното:
"Слушај, пренеси им на земјаците, она со Пиранскиот залив нема да пројде. Зборував со луѓето и тоа срање е хрватско," и дофрли тој, а Меланија, како што видовте, речиси се расплака.
Добро, американскиот претседател секако го нема тоа кажано, но краткиот отсечок од инаугурацијата верно посведочи за тоа колкава е почитта на Трамп за Меланија, родена Кнавс, и колку се основани простодушните очекувања на словенечките политичари дека новиот американски претседател, како на свои, ќе им ги реши проблемите, од економски и социјални до разграничувања со соседите. Доналд Трамп, да не се лажеме, нема поим каде е Словенија. Кога на телевизија има документарец за некоја неразвиена земја, без разлика дали станува збор за Молдавија, Узбекистан, Еквадор или Брегот на Слоновата Коска, Трамп секогаш мисли дека тоа е родниот крај на неговата сопруга и секој пат ја кажува истата шега:
"Меланија, брзо, брзо," ќе подвикне тој размазено. "На телевизија крокодил ќе го изеде татко ти."
"Дај бе Дони, знаеш дека не сум од југоисточна Азија," ќе закенка Меланија мрзоволно, но тој, како и обично, не ја слуша.
"Goddammit!" ќе опцуе Трамп. "Да не те оженев, ти сега таму во прашума со стрелки од цевче ќе гаѓаше мајмуни. Па после пак ќе ми кажат дека не сум бил добар човек..."
Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец, веројатно охрабрен од фактот дека најмоќниот маж на светот оженил една нивна, пред неколку дена изјави дека неговите граѓани никогаш повеќе нема да летуваат во Хрватска. Ох, секако, Словенците од сега ќе летуваат кај зетот, во луксузниот, ол-инклузив Трамп интернешнл бич ресорт на Мајами. Доналд Трамп не може да дочека свитата од Севница (родниот град на Меланија) да му дојде во гумени сандали и чорапи и да сркаат ладни пина-колади на лежалките околу базенот.
Нели е тоа трогателно? Ако не внимавате, наивните напади на словенечките глупаци може да ви го скршат срцето. Би можеле да се расплачете кога ќе видите со каков провинцијалски восхит тие го доживуваат успехот на Меланија Трамп, баш како што селаните понекогаш се фалат ако кој и да е од нивниот зафрлен крај на светот заврши на висока позиција во главниот град. Па и онака, освен Словенците, во целиот наш крај, сите горди патриоти и честити националисти во чисти гаќи ејакулираат заради Трамп. Нема десничарски функционер во регионот, политичар или политички коментатор кој не бил среќен заради изборната програма на Трамп. Од Воислав Шешељ и Милорад Додик до Велимир Бујанец и Милан Ивкошиќ, сите заради нешто го дочекаа како сојузник, и на Хрватите и на Србите Доналд Трамп им е најдобар пријател, и во телевизиските студија и на социјалните мрежи еднакво се воодушевуваат на неговите постапки.
Баш сè што Трамп ќе направи на нашите патриоти им е супер. Они го поздравуваат ѕидот кон Мексико и забраната за доселување на муслимани како ним лично некој Хозе, Пабло, Мујо или Хасо да им го земал работното место. Со цело срце го поддржуваат одземањето на здравствено осигурување на сиромашните како да имаат и водат голема приватно осигурителна компанија, а загадувањето на околината како татко им да им оставил нафтена рафинерија во Сисак. Секоја гадост што американскиот претседател ќе ја потпише, па и благослов со струја, вода и ќотек да се мрцварат воени заробеници, ќе им биде неодолива. Секако, на неговите обожаватели тоа и им се допаѓа. Трамп не успеа наспроти, туку благодарејќи на фактот дека е гад. Милиони гласаа за него бидејќи цврсто веруваат дека власта треба да биде одвратна, претседателот себичен, лажлив и ненаситен грабливец без милост за малцинства и за послабите.
Папата Францис пред неколку денови точно забележа дека сето ова потсетува на Германија од триесеттите години од минатиот век. Сè од тогаш светот не бил маѓепсан од полош човек. Од Адолф Хитлер не се памти толпите така да му се воодушевуваат на невкусот, горделивоста, простаклукот и насилството. Тоа е она што всушност ги возбудува т.нр. десничари, повеќе од која било татковина, Бог и семејство, да бидат зли, кон некое победно, престрашено човечко суштество, Мексиканец, црнец, муслиман, педер или жена, да се однесуваат како кон ѓубре.
Доналд Трамп е нашиот нов лидер за времето кое доаѓа, време во кое добрината, сочувството, широкоградоста, отвореноста и пристојноста повеќе нема ништо да значат. Ако вам ви се чини дека нашиот свет може без тоа, погледнете ја повторно онаа кратка снимка каде исчезнува насмевката од лицето на Меланија Трамп. Кога ќе го видите ужасот на нејзиното лице, не и завидувате на ништо. Ништо што таа има во раскошниот апартман со поглед на Централ парк вие не би сакале. Девојката од Севница можеше и подобро да се омажи.
Кој навистина е Доналд Трамп? Може да ви изгледа чуден, но јас мислам дека тој е беден. Еден милијардер кој никогаш во животот веројатно немал никакви хуманистички идеали, кој дури ни во младоста не се опивал со заблудите за еднаквост и братство на сите луѓе, кој не се занесувал со Исус, Че Гевара или Џон Ленон, еден за кого јас би рекол дека е емоционално сакат, не знае што е љубов, кого никој вистински не го сакал и кој никогаш не бил заљубен, кој всушност целиот свој живот плаќал за секс, ниту една жена заради сопствен мерак и радост не му се соблекла и ги раширила нозете...
Па да ти ебам, тоа ли е живот? Да не беше човекот расипан и опасен, веројатно би го сожалувале.