"Во 1984 го немаш Амазон.ком, затоа што тоа не е книга за глобализираниот капитал. Ни најмалку! 1984 не прикажува свет разорен од капитализам и владеен од славни личности - свет кој би можел да доведе до избор на некој каков што е Трамп. Наместо тоа слика свет во кое страдањето доаѓа од контролата од страна на државата, маскирана како социјализам" - Џозефин Ливингстон.
Наместо тоа, Ливингстон препорачува да се прочита Процес, книгата на Кафка напишана во 1914-15, цела генерација пред Орвел, период во кој Првата светска војна само што започнува, а и понатаму се одржува најголемиот дел од светскиот поредок од 19-от век.
Кај Кафка главниот лик, Јозеф К. го апсат на неговиот 30-ти роденден, иако нему не му е јасно што се случува: "К. живееше во слободна држава, сепак, насекаде беше мир, сите закони беа пристојни и се спроведуваа, кој беше тој што се осмели да дојде во неговиот дом?"
Ливингстон баш во ова го гледа потенцијалниот ужас што Трамп може да го наметне. Неговата администрација ја одржува маската "на стариот американски бренд - 'земја на слободните' - ама опасноста тајно се прикрадува под сите работи што изгледаат бесмислени, па дури и смешни".
Во книгата Јозеф К. во прво време мисли дека апсењето е шега. Ливингстон објаснува дека во еден од почетните пасоси се гледа како опасноста во новите околности почнува да му се прикрадува на Јозеф, кој инаку ништо не сфаќа премногу сериозно:
"Тој секогаш животот го сфаќаше најлесно што може, дека мостовите се минуваат кога ќе дојдеш до нив, не обѕирајќи се на иднината, дури и кога сè изгледаше како да е под закана. Меѓутоа во случајов тоа не изгледаше како правилна одлука. Тој можеше сè да сфати како шега, како голема шега од неговите колеги во банката без да му е јасно зошто го направиле тоа, или веројатно затоа што денес е неговиот 30-ти роденден, секако сè беше возможно, можеби се што требаше да направи е некако да им се насмее на полицајците в лице и тие ќе се насмеат со него, можеби тие беа трговците од аголот, изгледаа како такви - меѓутоа тој беше одлучен, уште откако го фати првиот поглед на оној што го викаа Франц, да не ја изгуби и најмалата предност што ја имаше во однос на овие луѓе."
Според Кафка смеењето е полошо од ништо, "тоа е материјата на соучесништвото, она што прави да се плашиме да изгледаме смешно дури и додека дозволуваме репресијата да почне да навлегува преку пукнатините." Јозеф К. никогаш не дознава кое е делото за кое е обвинет.