Џон Карлсон, еден од дизајнерите на ИКЕА, пред некој ден објасни дека постои строга логика по која се именува секое парче мебел или што и да е, што тие го продаваат.
Правилата за именување своевремено ги составува основачот на ИКЕА Ингвар Кампрад, кој страда од дислексија и има проблем да го памти редоследот на бројките од шифрата на еден производ. Самото име на компанијата е акроним за Ингвар Кампрад, Елмтарид (името на фармата на неговото семејство) и Агунарид (селото во кое тој израснал).
За да го поедноставни списокот на производи низ 389-те продавници низ светот, компанијата ги користи истите имиња на сите пазари на кои постои. Пред именување, зборот се проверува да не има навредливо значење на некој од останатите светски јазици, иако им се случуваат и пропусти како: Fartfull, Fartyg или Stenklöver.
Според Карлсон, иако и самите дизајнери можат да предложат назив постои посебен тим за давање имиња на производи кој се држи до добро дефинирана шема која изгледа вака:
- Производи за купатило - имиња од шведски езера или водни површини.
- Текстил за кревети - цвеќиња и растенија.
- Кревети, гардеробери или мебел за ходници - имиња на норвешки места.
- Библиотеки - професии, или скандинавски машки имиња.
- Длабоки садови, вазни, свеќи или држачи за свеќи - имиња на шведски места, придавки, зачини, тревки, овошја и зрнести плодови.
- Кутии, декорации за ѕидови, слики и рамки, часовници - шведски сленг изрази, имиња на шведски места.
- Детски производи - цицачи, птици, придавки.
- Бироа, столици и столчиња на вртење - скандинавски машки имиња.
- Материјали и завеси - скандинавски женски имиња.
- Мебел за двор - скандинавски острови.
- Кујнски додатоци - риби, печурки и придавки.
- Осветлување - единици мерки, годишни времиња, месеци, денови, бродски и поморски термини, имиња на шведски места.
- Килими - имиња на дански места.
- Софи, фотељи, столици и маси за јадење - имиња на шведски места.
Тука имате и некомплетен превод на англиски на називите на производите од ИКЕА.