- Нов балистички проектил лансиран од Иран бил соборен во турскиот воздушен простор од противвоздушната одбрана на НАТО.
- „Остатоците од муницијата паднаа на пусто место близу Газиантеп, 200 километри источно од Адана. Нема жртви ниту повредени“, објави Министерството за одбрана во Анкара. „Ќе бидат преземени сите потребни мерки... против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја“, се додава во соопштението.
- НАТО и на 4 март собори ирански проектил насочен кон Турција, пред да навлезе во нејзиниот воздушен простор. Претседателот Ердоган во саботата го предупреди Иран да не ја гаѓа Турција.
- Амбасадата на САД во Анкара објави дека го затворила конзулатот во јужниот турски град Адана и ги повика сите американски државјани да го напуштат регионот. На десетина километри од градот е воената воздухопловна база Инџирлик, во која американските трупи се присутни со децении.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.