- „Се вратив во живот!“, порача српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ после двонеделна сериозна здравствена криза поради билатерална пневмонија, обелоденувајќи дека конзилиумот му најавил дека лекувањето ќе може да го продолжи дома.
- „Тој црн ден јасно ми покажа кој и што треба да ми се приоритети. Ден во кој почнав да заминувам од животот. Пет дена без свест на ивица меѓу животот и смртта,“ напиша Дачиќ заблагодарувајќи им се на сите мои се молеле за него и особено „на мојот брат Александар Вучиќ.“
- Ја сподели песната „Се враќам животе,“ која пред 15 години заедно ја пееле со Кемал Монтено.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.