Проектот е дело на чешкиот анти-муслимански екстремист, Мартин Конвичка, кој сака "Чесите да живеат добро и безбедно како и Србите и да излезат од Европската унија и НАТО". За оваа цел Конвичка го оформи своето ново движење "7-ма република", за кое извести директно од Мокра гора.
"Ве поздравуваме од Србија, горда и безбедна земја која не е ниту во ЕУ ниту во НАТО, а која историски била, и сега повторно е, бедем на христијанската Европа против експанзијата на исламот. Како што ЕУ престанува да бележи успеси, се гледа дека Србија е успешна и дека на неа добро и оди. Така некако би сакале, секако подобро, да биде и во нашата земја," изјавил Конвичка во видео пораката од Мокра гора.
Екстремистов е инаку универзитетски професор на тема бубачки, а насловот на неговата организација алудира на Првата република, која настанува во 1918 и трае се до 1938, кога светските сили му ја жртвуваат Чехословачка на Хитлер во надеж дека тоа ќе ги смири неговите амбиции и ќе се избегне Втората светска војна.
Во Чешка, Конвичка е пред суд заради заканите за муслиманските бегалци дека ако дојдат во земјата ќе ги сомеле во брашно. Пред ова движење, тој биеше лидер на неколку анти-муслимански и анти-бегалски движења во Чешка. На него му успева на улица да извади и по неколку илјади Чеси, меѓутоа не успева оваа толпа да ја претвори во некаков успех на регионалните избори.
Врвот на светската слава тој го постигнува минатата година кога на годишнината на советската инвазија на Чешка (21 август), во срцето на Прага пред голем број туристи организираше окупација на Прага од страна на ИСИС.
Настанот беше комплет со знамиња на ИСИС, камили, пукање во воздух и слично.