Последен пример на филувана реалност е употребата на терминот "алтернативни факти" од страна на американската администрација, како маска за изјави кои не се точни или се погрешни.
"Карлин тврдеше дека колку повеќе слогови има еден термин, толку помалку можеш да му веруваш, а бројните огромни еуфемизми ја потврдуваат неговата теорија. Термини како корекција на небалансираната работна сила е сведоштво за човечката креативност и глупост. Ова е еден од многуте термини од реалниот свет собрани во 'Spinglish: The Definitive Dictionary of Deliberately Deceitful Language', каде исто така е наведен и апсурдниот 'преструктуирање на бројот на вработени врз основа на синергија'," пишува Питерс.
Други еуфемизми што Питерс ги забележува последниов период на пример доаѓаат од компанијата за долна облека Неон Мун кои наместо стандардни бројки воведуваат "прекрасно, убаво, сјајно". Тука се и термините "линии од смеење" наместо брчки, "состанок за една вечер" наместо секс или "електронски личности" наместо роботи. Тој пренесува и неколку примери собрани од други новинари, како "систем за менаџмент на косата" односно капа за пливање, и "решенија за животни перформанси" односно чорапи.
"Никогаш нема да се отарасиме од еуфемизмите, ама добро ќе биде ако ги чуваме само за ситуациите во кои можат да направат нешто добро. Ако умрел нечиј сопружник, да се каже дека починал е многу пољубезен избор отколку да се користи сленг (рикнал) или да си буквален (паднал од кров). Еуфемизмите во такви ситуации се наши пријатели, ама овие зборови за омекнување на реалноста создаваат други пријатели кои имаат проблем со грабање на ваквото 'омекнување'. Ако си менаџер што треба да отпушти некого, користењето на неодреден излив на зборови е само додавање сол на раната од отпуштањето.
Дискутирајќи ги еуфемизмите Орвел пишува, 'Говорникот кој користи ваква фразеологија сериозно се потрудил себе си да се претвори во машина.' Себе-сајборгизацијата не е препорачана од докторите, ама сметам дека дехуманизирањето на другите е полош грев - или, се извинувам, ситуација на морална грешка," пишува Питерс.