Сиенен објаснува дека во петокот Одделот за домашна безбедност заклучил дека забраната не ги опфаќа муслиманите со Зелена карта, за преку вечер од Белата куќа да стигне актуелното толкување на забраната, според нив по "лична интервенција на Стив Бенон".
Во кратки црти Бенон е основачот и уредникот на ултра-десничарскиот сајт Бреитбарт, чие назначување за одговорен за кампањата на Трамп во август 2016 беше толкувано како последниот знак за пропаста на претседателската кампања на сега актуелниот прв човек на САД.
Ендру Прокоп во Вокс пренесува неколку емоции на Бeнон околу муслиманите имигранти, што сега веќе главниот стратег на Трамп ги има споделено на својот сајт и во медиумите.
Бенон пред некое време се фалеше дека Бреитбарт, кој редовно објавува мрачни стории за криминали извршени од имигранти, е платформата за алт-десничарското движење, порачувајќи дека САД треба да "заземе многу, многу, многу агресивна позиција кон радикалниот Ислам". Тој изјавува и дека не е посебно ентузијаст и кон имигрантите кои се мирољубиви, успешни и економски продуктивни.
Во интервју со Трамп од 2015 година, во кое Трамп зборува дека треба да се најде начин да се задржат талентираните луѓе во САД, Бенон има приговор, дека во време кога "две третини од ЦЕО-та во Силициумската долина се од Јужна Азија или од Азија, треба да се има предвид дека државата е повеќе од економија. Ние сме граѓанско општество."
"Статистиката на Бенон дека над две третини од ЦЕО-та на Силициумската долина се од Азија не е ни блиску до точна. Меѓутоа многу поважно во оваа изјава е што Бенон е доволно вознемирен од таа помисла што ја спомнува во интервјуто. Тој очигледно се обидува внимателно да ги избере своите зборови, меѓутоа кристално е јасно дека тој е потресен од помислата дека сите овие ЦЕО-а родени во Азија управуваат со Америка.
Кога ќе ги земеш предвид овие ставови, методот зад лудилото на администрацијата на Трамп во справувањето со имателите на Зелена карта станува јасно. Најголемиот дел од републиканците генерално се позитивни кон легалната имиграција. Тие велат дека се загрижени само за нелегалната верзија (истото го има изјавено и самиот Трамп).
Меѓутоа некои од луѓето околу Трамп, како Бенон, главниот советник за политика на Белата куќа Стивен Милер, и номинираниот за главен јавен обвинител Џеф Сешнс, одат многу подалеку. Тие сакаат да ги привилегираат родените Американци дури и над индустриските и претприемачки настроени имигранти.
...
Сето ова не е баг на Стив Бенон, туку негова вградена функција. Како што неговите коментари покажуваат, тој не сака кога имигрантите се премногу успешни во Америка. И затоа што тој победи во внатрешните битки во администрацијата на Трамп, владината политика би можела комплетно да го промени животот на 500.000 иматели на Зелени карти," пишува Прокоп.