Од тоа што медиумите ги користат Фејсбук и Снепчет, корист имаат само Фејсбук и Снепчет

Почетните знаци се дека содржините објавени директно на трети платформи, како Инстант статии на Фејсбук и Дискавер на Снепчет, малку придонесуваат кон вкупните приходи на медиумите.

За време на првите 6 месеци од 2016, содржините објавени на трети платформи во просек донеле околу 7,7 милиони долари по медиум, или 14% од нивните вкупни приходи, се тврди во студијата која обработува бројки на 17 медиуми, тука вклучувајќи ги ЕСПН, Енбиси њуз, Њујорк тајмс, Вашингтон пост и Бизнис инсајдер.

Најголем дел од парите од трети мрежи доаѓаат од видео рекламите или околу 85%, додека останатите се наплатени од стандардни банери.

Севкупно Јутјуб со 800.000 долари по медиум за првите 6 месец од 2016, им донел повеќе средства на медиумите од кој било конкурент, најмалку пари дошле од Снепчет.

Што е Инстант артиклс:

 

30 јануари 2017 - 11:24