Вести

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Нашата планета станува сè потемна

Насловот не е некој метафоричен, поетски опис за очајната состојба на човештвото, моралот или нивото на македонските реклами на Инстаграм. Зборуваме за вистинска мерлива темнина што се шири низ површината на Земјата. Напредокот во животната средина буквално има неочекувана темна страна.

Речник

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Науката НЕ е консензус

Уледниот Британскиот медицински журнал е критикуван за нарушување на научниот интегритет откако повлече труд во кој се сугерираше дека вакцините против ковид можеби се виновни за некои прекумерни смртни случаи за време на пандемијата. Го повлекле трудот иако немало ништо спорно во него, ама не го одразувал „научниот консензус“. А на времето, консензус имаше и дека Сонцето се врти околу Земјата.

Финската економија во слободен пад

Економијата на Финска со години беше ѕвезда на стариот континент на чии перформанси завидуваше цела Европа. Но, Нокиа беше симната од тронот, се десеткуваше побарувачката за хартија поради дигитализацијата и почнаа проблемите. Пандемијата и руската инвазија дополнително ја влошија состојабата па денес Финска во некои метрики стои полошо од Шпанија и Португалија.

Принцезата на зрно пишман

Јапонската принцеза која лани гордо соопшти дека заради својата факултетска љубов се откажува од својот аристократски статус, реши да ја одложи венчавката. Ѝ треба време да размисли.

Норвешки проблеми со зимска опрема за возење

Полициска патрола во еден норвешки град сопрела човек на скии поради - лоша техника. Човекот тргнал на скии по пијачки ама најверојатно тоа не му било првпат вечерта да ја минува таа рута.

Зошто либерализмот не успеа

Точно е дека либерализмот е најуспешната идеја од изминатите 400 години, ама точно е и дека неговите најдобри години веќе се завршени, се тврди во нова книга со идентичен наслов како текстов.

Медитацијата не те прави подобар човек

Ако себе се замислувате како креденец кого медитацијата треба да го искачи на втор спрат: таа може евентуално да ви помогне околу закачалките, за самиот креденец ќе треба малку поаргатска работа.

Релативноста и апсолутноста на сиромаштијата

Релативноста се однесува на тоа дека е сосема различно да си сиромашен во Цирих и да си сиромашен во Сао Паоло. Апсолутноста е дека ако еднаш си сиромашен, овој статус ти останува и е наследен.

Нешто е труло во редакцијата на Њузвик

Главниот уредник, извршниот директор за вести и неутврден број на новинари во понеделникот се отпуштени од Њузвик и Интернешнл бизнис тајмс без никакво објаснување. Од различни извори се повторува дека отпуштените работеле на истрага околу сомнителните финансии на нивниот сопственик.

За ваше добро, одлепете се од тефлонот

Хемиската индустрија сака да не се плашите од тавчињата со тефлонско дно. Но, да се плашите, бидејќи треба да се плашите. Експерти и познавачи на проблематиката велат дека тефлонот одамна требало да биде забранет. ЗАБРАНЕТ.

И ти не сакаш да купиш флаширана вода, ама живот мил

Рекламите за флаширана вода прават таа да изгледа побезбедно и почисто од обична вода од чешма, а тоа е повеќе од доволно за да се скорнат сите наши стравови од умирачка.

Зошто Библијата е толку лошо напишана?

Милиони хард-кор христијани во светот веруваат дека Библијата е нешто што било диктирано од самиот Бог а луѓето вклучени во нејзиното создавање само записничари кои фаќале стенограми. Ако речеме дека е така, тогаш испаѓа дека Бог е очајно лош пишувач. Многу пасоси денес не би прошле стандардна уредничка редактура и би биле вратени на доработка, потцртани со многу црвено.

Чие броење е правилно, на полицијата или на организаторот?

Ако прашуваш едни вчера во Атина 140.000 луѓе на плоштадот Синтагма не се замараа со проблемот со името, ако прашуваш други бројката е некаде меѓу 1 и 1,5 милион луѓе.

„Македонија“ повеќе нема потреба од наводници

Да ја викаме „Скопје“ кога сме во Грција за да не попиеме бокс, а да ја викаме „Македонија“ кога сме во странство, за да не нè мислат луѓе дека сме идиоти.

Меморандумот на Њунез, документот што ја оцрни истрагата на ФБИ за Трамп и Русија

Републиканците од Разузнавачкиот комитет на Конгресот објавија меморандум на шест страни кој обелоденува тајни информации за работата на ФБИ во истрагата против Трамп и пропустите што Федералното биро ги има направено.

Родот сепак има биолошка основа

Идејата дека родот нема биолошка основа, туку е културолошки наметнат конструкт, во последно време стана скоро мејнстрим. Поборниците на оваа теорија веруваат дека на децата им е наметната идејата дека, на пример, машките треба да си играат со колички, камиончиња и сл., а девојчињата со кукли. И дека доколку би биле оставени самите на себе, машките и женските дечиња би се однесувале родово идентично. Не ќе да е баш така.

Лајк од Зукерберг што дневно на Фејсбук се трошат по 50 милиони часови помалку

По сè што му накалемија за и околу изборот на Трамп, Зукерберг одлучи дека решението на проблемот не е во тоа подобро да се контролира содржината што се објавува, не е да се води контрола кој што содржина рекламира, не е да се внимава на насилство и малтретирање на Фејсбук (по идеолошки или какви било други основи), туку да го намали бројот на вести од медиумите што стигаат до нивните фанови.

Живот на најјако

На 51-годишен маж му се паѓа 1 милион долари на лото, па меѓу другите работи што сега може да си ги дозволи е и посета на доктор. На доктор му откриваат рак. 4-та фаза.

Леонардо Да Винчи е икона за сите оние кои „си го губат времето“

“Што ќе ти е тоа“, “Нема пари во таа работа“, “Џабе си го арчиш времето“ се класични мудрувања на апостолите на ова време во кое се бара специјализација, фокусираност и посветеност на една мисија. Од друга страна го имате Да Винчи кој обожавал „да го троши времето“, меѓу другото проучувајќи го и јазикот на клукајдрвецот.

Човекот што проба да пие со сумо борачи

Поранешниот рокер, а сега спортски коментаторРобин Блек е ангажиран од една американска кабелска телевизија да оди во Санкт Петербург и да биде коментатор од Светските боречки игри. Памти дека едвај се вратил жив, а и не му било нешто посебно мило кога сфатил дека е преживеан.

Етичкиот проблем со нејадење месо

Моментално на различни и често некомпатибилни фронтови се води битка за намалување на јадењето месо од говеда. Па така луѓе што не јадат месо во име на заштита на животни, здрава исхрана и борба против ГМО, во исто време го поздравуваат напредокот што се прави во одгледување месо во епрувети. Проблемот е што работите за говедата ќе станат далеку полоши ако човештвото одлучи комплетно да се откаже од месо.

Колку пари заработуваат најбогатите американски компании, во секунда

Апсурдноста на корпоративните профити (која е достигната само од апсурдноста на разликата што низ годините се создаде меѓу најбогатите ЦЕО-а и работниците) е фино да се види и како се таложи во реално време. Па на пример иако е познато дека Епл има над 200 милијарди долари сместени на сигурно вон дофат на даночите власти, не е така познато дека во секоја секунда од денот, од кој и да е ден, Епл заработува по 1.445 долари.

На нов Твитер следбеник не му се гледа во заби

Правејќи анализа на експозето на Њујорк тајмс околу лажните Твитер следбеници и индустријата што ги продава истите, поентата на Иан Богост од Атлантик е дека се додека Твитер твојата вредност ја мери со суви бројки, секој следбеник врши работа без разлика дали е лажен или не.

Елон Маск заработи 10 милиони долари од продавање огнофрлачи

Маск викендов направи дигресија на стандардната шема: ракети, електрични возила, хипер-луп, тунели, соларни керамиди, и на сите свои профили на социјални мрежи објави дека продава огнофрлачи.

Русите со пари развија фобија од листата на Форбс

Листата на милијардери на Форбс стана „токсична“ за најбогатите Руси откако истата беше употребена од американските власти за составување на нивен официјален список на олигарси поврзани со Кремљ.

Анти-наталисти, екстремните вегани што мислат дека не треба да имате деца

Станува збор за следбеници на филозофијата дека човечките суштества се деструктивна сила за животинскиот свет на планетава и за самата планета, па затоа е морално погрешно да се креираат нови примероци на луѓе. Како што тие истакнуваат невозможно е фетусите да се прашаат дали сакаат да бидат родени, па имањето дете преставува натурање живот на друго суштество без негова / нејзина согласност.