Етичкиот проблем со нејадење месо

Моментално на различни и често некомпатибилни фронтови се води битка за намалување на јадењето месо од говеда. Па така луѓе што не јадат месо во име на заштита на животни, здрава исхрана и борба против ГМО, во исто време го поздравуваат напредокот што се прави во одгледување месо во епрувети. Проблемот е што работите за говедата ќе станат далеку полоши ако човештвото одлучи комплетно да се откаже од месо.

Иако ваквиот правец е добар од перспектива на заштита на природата и за планетата, откажувањето од месо ќе биде погубно за говедата како вид.

Нивниот проблем е што ако се исклучат од човечкиот систем за исхрана, тие немаат некоја посебно важна и корисна задача за функционирањето на планетава, ниту пак начин сами да се снајдат во природата.

Прашањето на Нил Леви, заменик директорот на Оксфорд центарот за невроетика и професор по филозофија, е дали треба да ги вреднуваме говедата? Односно дали треба да бидеме загрижени ако на крупната стока и се заканува глобално изумирање и дали треба да се обидеме да ги спасиме и заштитиме како што тоа го правиме на пример со пандите и волците.

Работата е што постои сериозна разлика меѓу говедата од една и пандите и волците од друга страна.

„Денешните говеда своето постоење го должат на внимателно одгледување и вкрстување од страна на луѓето: тие се многу поразлични животни од дивите говеда од кои некогаш потекнувале,“ објаснува Леви.

За разлика од пандите и волците, кои својата позиција во природата ја заземале преку механизмите на еволуцијата, домашните говеда своето постоење и појава не го должат на еволуцијата.

2 февруари 2018 - 13:17