Љубовната бајка на принцезата Мако ќе мора малку да причека.
Таа е најстарата ќерка на јапонскиот принц Акишино а внука на императорот Акихито и деновиве објави дека ја одложува закажаната венчавка за Кеи Комуро, дечко од плебсот со кого се зацапале за време на нивното студирање на Меѓународниот христијански универзитет во Токио.
„Избрзавме за многу работи. Нашата одлука беше незрела и двајцата жалиме за неа. Сакам да имам време подлабоко да размислам за бракот и соодветно да се подготвам за она што тој носи“, соопшти 26 годишната Мико во допис до медиумите.
Венчавката на Мико и Кеи беше закажана за ноември 2018 но сега е одложена за 2020 (како што викаат од ЕУ: Ако се исполнат условите), после планираната абдикацијата на царот Акихито, закажана за април 2019 година.
Во царската лоза само машките го наследуваат тронот. После заминувањето на Акихито, на ред е вујкото на Мико, а на ред се нејзиниот татко и постариот брат. Од 19-те членови на јапонската аристократска фамилија, само тројца се мажи.