Елон Маск заработи 10 милиони долари од продавање огнофрлачи

Маск викендов направи дигресија на стандардната шема: ракети, електрични возила, хипер-луп, тунели, соларни керамиди, и на сите свои профили на социјални мрежи објави дека продава огнофрлачи.

На прва личеше како уште една пи-ар фора на Маск за привлекување на внимание на себе и своите проекти, ама заврши како успешна продажба на 20.000 огнофрлачи по пазарна цена од 500 долари.

Како дел од понудата компанијата на Маск има и противпожарни апарати што чинат по 30 долари. И ПП апартите исто така се распродадени.

Се уште не е познат зошто некој би користел огнофрлач од Боринг. Еден од предлозите на Маск е за печење кикирики.

Што се однесува на главната причина за постоење на Боринг компанијата, копање тунели под Лос Анџелес за превоз на луѓе, откако беше ископано колку што се може под паркингот на Спејс-икс проект е ставен на пауза и се чека дозвола од градските власти за да се продолжи со копањето.

 

 

1 февруари 2018 - 12:16