Неколку недели по дијагнозата, човекот умира.
Кога ја освојува наградата Доналд Савастано за една локална њујоршка телевизија објаснува дека парите ќе му послужат за купување пик-ап, плаќање некои долгови што ги има и инвестирање во иднината затоа што како самовработен столар нема никакво пензиско осигурување.
Паралелно со прославите и подновувањето, Савастано решава да оди на доктор, затоа што веќе некое време не се чувствува добро. Таму му откриваат рак на бели дробови и мозок во 4-та фаза. Савастано умира 3 седмици по добивањето на џек-потот.
Човекот претходно не бил на доктор за тоа што неговото здравствено осигурување не го покрива прегледот, а приватно му било прескапо за да го плати. Се проценува дека во ваква ситуација се наоѓаат околу 30 милиони Американци со здравствено осигурување.