Двата медиуми се во сопственост на Њузвик медиа груп, која наводно има блиски врски со христијанската секта наречена „Заедницата“. И пред отпуштањето, кон средината на јануари во централата на Њузвик во Њујорк беше спроведена рација како дел од „долгогодишната истрага во сомнителните финансии на компанијата.“ Во 2013, Мадер Џоунс објави дека ИБТ медиа, е поврзана со Оливет Универзитетот, христијански колеџ од Калифорнија кој е дел од сектата.
Шпекулациите на неколку вработени од Њузвик се дека отпуштањата од понеделникот се форма на одмазда против уредниците и новинарите кои спровеле истрага за финансиите на компанијата.
„Од полна редакција луѓе, тоа се вработените што беа отпуштени.
Највисоките ешалони очигледно се преплашени дека луѓе ќе откријат што тие имаат направено - најверојатно нешто со финансии поврзани со нивниот христијански култ - и се подготвени отворено да ги отпуштат самите новинари и главни уредници кои се осмелиле да ги прегледаат нивните сомнителни зделки.
Има нула објаснување за што било од ова,“ изјавил за Аутлајн неименуван извор.
Хафингтон пост објавува дека новинарката Селест Кац добила стоечки аплауз кога била испратена од нејзината канцеларија во понеделникот попладнето.
Заради отказите оставка поднесува и уредникот за политика на Њузвик, Метју Купер, кој во отворено писмо на Фејсбук му се обраќа на ЦЕО-то на Њузвик медиа груп, Дев Прагад:
„Иако не се согласував со Боб Ро и Кен Ли додека го водеа магазинот, нивните напори за откривање на скандалите во Њузвик се за почит.
Овој удар следува по серија скандали и грешки за време на твоето управување. Ставајќи ја на страна политичката рација и скандалите со малтретирање, проблемот не е во Ли и Ро, туку во инсталирањето уредници, кои непромислено бркаат кликови по цена на точност, ретвитови пред коректност, што ме остава без надеж не само за Њузвик туку и за други публикации кои нема да ги научат лекциите од неуспехот на оваа публикација.“