Градот се вика Конгсберг а престапникот нема име, се знае само дека е човек на 30 и нешто години. Бидејќи градот е покриен со десетина сантиметри снег, дечкото решил да го реши својот транспортен проблем околу набавката на пијачки со скии.
Го приметиле и пријавиле негови сограѓани, бидејќи им возел чудно. Не било тоа ни класично, ни крос скијање, па дошла полиција, поразговарала со него, му ги конфискувала скиите за да не предизвикува „општа опасност“ а тој по мало трезнење во станица бил пуштен дома.
Тротоарите на Конгсберг се повторно безбедни.