Вести

Преку израелски телекоми следат луѓе низ целиот свет

Инфраструктура на израелски телекоми била злоупотребена за следење на граѓани во повеќе од десет земји во изминатите три години. И најнапредните мобилни уреди биле изложени на надзор преку слаби точки во старите телефонски мрежи од 1970-тите години прилагодени за ерата на паметните телефони, открива дигиталната истражувачка група Ситизен Лаб.

Тоа што е „цензура“ во Турција, во ЕУ e „заштита на малолетници“

Анкара и Канбера воведоа слични забрани за пристап до социјалните платформи. Медиумите ја критикуваат едната како „авторитарен надзор“, а ја фалат другата како „заштита на младите“. ЕУ има уште поелегантна цензура – ги замолкнува критичарите без да апси луѓе. Во трите случаи слободата на изразување е задушена. Анкара, за разлика од Брисел го признава тоа.

Од вселената се гледа колку брзо тоне Мексико Сити

Нивото на Мексико Сити – еден од најголемите градови во светот, се спушта за по 25 сантиметри годишно, покажуваат нови сателитски снимки на НАСА. Предизвикано од претераното црпење на водите и урбаниот развој, тонењето ја оштетува критичната инфраструктура - метрото, системот за канализација, водоводната мрежа и улиците во градот во кој живеат 22 милиони луѓе.

Речник

Војната на Трамп ја уништи илузијата за воена супериорност на САД

Војната во Украина ја разби основната претпоставка дека големината и воената сила се доволни за да се наметне сопствената волја. Со вистинска стратегија и решителност, послаба држава може да преживее, па дури и да победи многу поголем и посилен противник. Војната на САД со Иран открива слични ограничувања на американската моќ.

Доаѓа нова финансиска криза

Се повторуваат сигналите што ја најавија кризата од 2008 година. Приватните кредитни фондови, кои ги заменуваат банките, пријавуваат загуби. Цената на барелот нафта надмина 100 долари. Инвестициите се концентрирани во само неколку технолошки компании и може да пукнат како меур. А, меѓународните односи се многу полоши и тешко може да се договори заедничка реакција.

Сончевите централи ја спуштиле цената на струјата на минус 500 евра за MWh

Цената на струјата во Германија на 1 мај паднала на законски дозволениот минус од 499,99 евра. Оваа сума, со пари од даночните обврзници, ја плаќале операторите за секој потрошен мегават-час од огромниот вишок генериран од сончевите колектори. Ако не помогне и негативната цена, ќе има парадоксален ефект од премногу струја – неколкучасовни рестрикции во некои региони.

ЕУ парламентарците напнати го дочекаа Закерберг, го испратија уште понапнати

Очекувањата беа дека ЕУ парламентарците ќе го растргнат Закерберг и нема да остават камен на камен. Излезе дека тие што имаат вакви очекувања немаа предвид дека Закерберг го има избрано форматот и времетраењето на сослушувањето.

Отпадот од кафе стана поскап од самото зрно кафе

Лушпата од кафе која одгледувачите со генерации стандардно ја претвораат во природно ѓубриво ама почесто ја фрлаат во отпад, по сосема неочекувано откритие на една одгледувачка од Ел Салвадор се претвори во суво злато за фармерите.

Грција не може да се помири со постоење македонски народ

Ќе беше убаво некој ова да им го каже на Грците во 1991 година ама и за денешни услови ова е невообичаен текст за Катимерини, текст кој експлицитно удира во сржта на проблемот: дека Грција не може да си признае дека на територијата на Македонија веќе имало создадена нација (која не била бугарска, за разлика од нивниот стандарден наратив), многу пред да тргнат да ја "ослободуваат" земјата на Александар.

Син се од детска корнеше

Брачен пар од Њујорк поднесе тужба во која се бара иселување на непожелниот гостин што им живее дома - нивниот 30-годишен син.

Туристи нон грата

За претстава колку на локалците им се смачени сите јабанџии што им шпартаат по град, замерката на противниците на планот на градоначалникот за ограничување на бројот на туристи што влегуваат во Венеција е дека тој не е доволно ригорозен.

Германија заглиби на Фејсбук фронтот

Стратегијата со која се влезе во битката против он-лајн омразата колку што изгледаше едноставна толку за луѓето кои малку од малку имаат какви било познавања на темата изгледаше неизводлива. Tаа се сведува на два чекора: а пријавиш говор на омраза, Фејсбук (и кој било таа сфера) има фора од 24 часа да го избрише истото, а ако не го направи тоа, тогаш опција Б е казна од неколку милиони евра. Излезе ништо не е така едноставно.

Да работиме како 100 години да ќе бидеме Шведска, а да се подготвуваме како утре да ќе бидеме Балкан

За прв пат по повеќе од половина век шведската влада почна до сите 4,8 милиони домаќинства во земјата да испраќа памфлети со совети како населението може да се подготвува во случај на војна и како да придонесе кон одбрана на земјата.

На Трамп му проаѓа корупција, само затоа што Клинтонови ја нормализираа

Пред да ги минат изминатите 18 месеци трубејќи дека финансискиот конфликт на интереси на американскиот претседател не е нормален за една демократија, Демократите со години ги уверуваа истите луѓе дека е нормално политичари да имаат финансиски конфликт на интереси.

Годинава побезбедно е да си американски војник отколку американски ученик

Со убиството на 10 лица во петочкиот масакр во средното училиште Санта Фе, годинава во САД имаат загинато повеќе ученици отколку активни припадници на американската војска распоредени во воени зони или дома.

Гугл го замислува светот како поле за натпревар во жнеење лични податоци

Пред некое време вработени на Гугл исклучиво како вежба за размрдување мозочни вијуги, а никако како дел од некој сегашен или иден проект, замислуваат како компанијата би можела да го оформува човековото општество преку личните податоци што ги поседуваат за своите корисници, и по пат успеваат да достигнат сосема нови нивоа на ужас од технологија.

Германски весник отпушти карикатурист заради карикатура со Нетанјаху

Одлуката на Зидојче цајтунг е по основа дека во карикатурата на израелскиот премиер се користени „анти-семитски клишеа“. На ваквата одлука реагираше Турција, потсетувајќи дека кога тие им префрлиле на Германците за карикатура на Ердоган од истиот автор, тој бил бранет по основа на слобода на говор.

Тоа што Фејсбук е блокиран во Кина, не значи дека годинава нема да направи 5 милијарди долари од Кина

Речиси 10% од глобалните приходи од реклами на Фејсбук доаѓаат од Кина, и годинава во пари тоа ќе изнесува околу 5 милијарди долари, ако не и повеќе. За овие пари Кина е вториот по големина извор на приходи од реклами за Фејсбук по САД.

Зошто само ние да сме извадени од памет

Ова нешто е (наводно) 9-годишно девојче по име Лил Теј, и ако до сега не сте чуле за неа извините што ви ги нарушуваме мирот.

Упатство за промашени промени на режим

„Без разлика колку лоша била работата пред да падне режимот, ситуацијата најверојатно ќе стане полоша откако стариот поредок ќе колабира. Оние што го смениле режимот веруваат дека ќе бидат славени како ослободители но многу поверојатен исход е населението брзо да ги изгуби некогашните илузии и да стане непријателско и насилно“, заклучува анализа во американскиот магазин со 40 годишна историја, Форин полиси.

Да ми се мавнете од пред очи со тоа среќата

Пораката од Русинка за која се тврди дека има 128 години и е најстариот човек на светот е: еден единствен ден не сум била среќна во животот.

ЕУ ја даде пола ЕУ на суд заради загаден воздух

Во февруари Европската комисија предупредува 5+1 членка на Унијата дека имаат претерано загадување на воздухот и дека треба нешто да направат во врска со тоа, или ќе завршат на суд. Завршија на суд.

Митот за 99%

Што се однесува на поделбата на богатството општиот впечаток и уверување меѓу Американците е дека државата е поделена меѓу 1% кој поседува значителен дел од парите во земјата, и 99-те проценти или „луѓето“. Иако не го спори ова, Метју Стјуарт од Атлантик лицитира околу процентите.

Како Робин Вилијамс му го скршил носот на Де Ниро и други работи од неговата нова биографија

По уникатно богата децениска кариера и веројатно подеднакво долга борба со депресија и пропратни проблеми, Робин Вилијамс во 2014 си го одзема животот со бесење. Месецов Дејв Ицкоф од Њујорк тајмс ја објавува биографијата за Вилијамс „Оружја за самоуништување“.

Половина процент од комплетната глобална потрошувачка на струја оди на биткоин

Иако 0,5 како 0,5 не звучи нешто страшно, многу е поинаку кога ќе го ставиш во перспектива на половина процент од сè што годинава ќе потроши струја на планетава од Индија и Кина до Америка.

Испичутури светски ги исцицаа Јапонците

Сантори ќе престане да продава два свои бренда на виски, 12-годишно Хакашу и 17-годишно Хибики, затоа што им го испија целото.

Наше лево и грчко лево не е исто

Како што во земјава меинстрим левите позиции околу спорот со името дееволуираа во натпревар кој ќе прифати што поапсурден став на Грците, така позициите на грчката меинстрим левица остануваат, како што е редот, грчки.

Шведска не може да најде доволно луѓе за да пополни работни места во „државно“

Шведска моментално има сериозен проблем со бројот на работници што се достапни и бројот на работници што се потребни. Проблемот е што првите се мањак.

Грција и Турција на ивица на мегало зулум

Додека светската дипломатија и јавност се зафатени со проблемите околу Иран и Северна Кореја, овие два проблематични соседа ползат кон опасна зона во која и најмалото погрешно толкување, проценка или потег би можеле да доведат до вооружен судир, оценува американскиот магазин Крисчн Сајенс Монитор. 

Колку пари ти требаат за да си богат во Америка?

По некое ново редефинирање значителен број луѓе не мислат само на пари, за кои некоја почетна разумна граница е неколку милиони долари, кога зборуваат за богатство.