Потенцијалниот кандидат за претседател на Конзервативната партија, се откажа од својата тезга како колумнист во 2016 кога стана министер за надворешни. Дејли Телеграф инстантно го ангажираше Џонсон летово по поднесувањето оставка во владата на Меј, и тоа без да пробува да се ценка давајќи му ја старата плата.
Џонсон ќе пишува со нормално колумнистичко темпо од еден текст неделно, а месечно за овој ангажман (по негови процени) му требаат околу 10 часа, па на крај доаѓа дека човекот наплаќа по 2.291 фунта на час, или 4,80 фунти за збор.
„Релативно краткото време што Џонсон го одвојува на својата колумна не го спречи да има значително влијание на политичката дебата во земјата. Летово тој предизвика политички скандал откако ги спореди муслиманките во бурка со ’ограбувачи на банка’,“ објаснува Џим Вотерсон во Гардијан.
Иако Дејли Телеграф колумната на Џонсон ја нуди само за претплатниците на својот сајт, тој редовно целосната верзија ја објавува на сопствената Фејсбук страна.
Џонсон во 2009-та додека беше градоначалник на Лондон ги опиша приходите од неговите колумни како „ситнурија“.