Њујоршкиот новинар, автор и поп социолог ги сведува сите овие елементи во теорија на "10.000 часови," во која потенцира дека зад секој значаен успех и усовршување на занает, стојат најмалку 10 години напорна и посветена работа.
"Единствен исклучок е шахистот Боби Фишер, нему му требаа девет години," се пошегувал Гладвел на едно предавање во Турција.
Преку примерот за бендот Флитвуд Мак, Гладвел ја правда истрајноста, укажувајќи на фактот дека најуспешниот албум на групата бил нивниот 16-ти, откако експериментирале со неколку жанрови, пред да стигнат до својот препознатлив поп звук.
Осврнувајќи се на бендот за кој издавачката куќа Ворнер имала трпение да ги чека да се пронајдат повеќе од десет години, Гладвел посочува на опасноста од жедта на работодавците за "инстант" успех, појава што ја врзува со предностите на интернетот.
"Супер успешниот директор на компанијата Вирџин, Ричард Бренсон е дислексичен, но посветеноста и постојаното вежбање на делегирањето, водството и одличната орална презентација, го направија еден од најуспешните индустријалисти во светот," објаснил Гладвел.
Потребата од соработка и вмрежување со соодветни луѓе ја правда преку случајот со математичарот Ендру Вајли, кој решил проблем стар 500 години, не затоа што бил генијален и интелигентен, туку затоа што генијално ги усогласил знаењата исцрпени од повеќе научници.
Тој порачува дека менаџерите од сите сфери, треба да ги усогласат традиционалните со современите методи, притоа внимавајќи на сите елементи од теоријата на 10.000 часови.
Малколм Гладвел на ТЕД: