Времето на смртта медицински се прогласува со престанокот на работата на срцето, односно престанокот на електричниот импулс кој го поттикнува срцевото биење. Како резултат на тоа срцето застанува. Но дали смртта стигнува до мозокот веднаш, или тоа сознание, за сопствената мртвост, постепено надоаѓа, за во еден момент мозокот да заклучи - аха, значи ова е како да си мртов?
Истражувања на пациенти со искуства блиски на смртта откриле дека мозокот, неколку моменти пред умирачка, одеднаш го заплиснуваат електрични импулси. Во студија спроведена во Универзитетот во Мичиген врз стаорци, се открило дека нивните мозоци влегуваат во хипер-активна состојба непосредно пред смртта. Таа траела кратко, само 30 секунди, но покажува дека пред нашето конечно патување во постојаното несвесно може да има период, краток но многу силен, на повишена свесност.
Смртта значи не е миг на ненадејно спуштање на завесата, туку процес. Така, стереотипниот тунел бела светлина низ кој велат дека минале пациенти соочени со блиска смрт е веројатно резултат на ваквиот наплив на неврална активност. Која додуша престанува по 2-20 секунди, колку што може да издржи мозокот, односно церебралниот кортекс без кислород.
И сега ќе речете тие неколку секунди не прават некоја разлика. Ама замисли баш тогаш некој ти шепне нешто што можело да ти го смени животот. Кој ќе се враќа...