Одлуката ќе ја опфати околу 350.000 вработени (вклучително и оние од ланецот продавници Хол фудс), а освен по дома од Амазон ветуваат дека ќе лобираат и за кревање на националниот минимум. Моментално минималецот во САД е 7,25 долари на час.
Сенаторот Берни Сандерс, кој лично му се запна на Безос и постојано го посочуваше како пример за искористување на работникот од страна на моќните компании, пред ова предложи и посебен закон (Стоп Безос законот) кој предвидува казни за големите компании доколку нивните вработени преживуваат благодарејќи на социјална и здравствена помош од државата.
По одлуката на Амазон, Сандерс порача дека тоа што го направил Безос „не е само од огромно значење за стотиците илјади вработени на Амазон, туку ќе биде и одлука која ќе се чуе низ светот.“
На ова тој се надоврзува со стандардниот муабет: „ние сме најбогатата држава во историјата на светот, и имаме масовни нивоа на нееднаквост на приходи и богатство. Во земјава треба да се стремиме дека ако работиш 40 часа неделно, не треба да живееш во сиромаштија.“
Форбс го проценува богатството на Безос на 164 милијарди долари. Инаку Амазон во 2017 во САД нема платено ниту еден долар данок на приход.