Таг: минимална плата

Жбрц!

Триумфална и историска беше вчерашната објава на Амазон дека минималната плата на своите работници ја крева на 15 долари на час. По објавата почна и подетално да се разгледува целиот апгрејд на платите.

Џеф Безос попушти, ваистина попушти

Најбогатиот човек на светот реши да отстапи пред притисоците од активисти и од Берни Сандерс и минималната плата во Амазон (што е од посебно значење за вработените во магацините) да ја крене на 15 долари на час.

Пола Романци се на минималец

Не затоа што мислиме дека нема што да бара Македонија во Европа, туку заради оние наивни души (платените не ги рачунаме) кои искрено сè убедуваат дека сè им ќе биде подобро само што ќе нè примеле во ЕУ. Оние кои наместо денес да си ја поправат чешмата, денес да си го средат балконот, денес да возат попристојно и денес да висат помалку на Фејсбук, си прават бајрам на паметот дека пред „историска шанса“ утре да им се поправи чешмата, утре да им се среди балконот....

Светската банка предлага укинување на минималната плата

Намалување на регулацијата која ги штити работничките права е неопходен услов работниците да не станат прескапи па капиталистите да решат да тргнат кон нивна елиминација. Ова е последниот скандалозен предлог на институцијата задолжена за одржување на кредитното робовладетелство на најсиромашните земји во светот.

Работници против зголемување плата

Откако сојузната држава Вашингтон одлучува законски да ја зголеми минимална плата на 15 долари на час (од претходните 9,47), просечниот ниско платен работник е во минус по 125 долари месечно или околу 100 милиони долари помала заработувачка колективно.

Со мала плата, секако пушиш

Јер овдешнава влада е страшно ревносна во битката против пушењето (истовремено во нашиот Апсурдистан се субвенционира производството на тутун), еве еден фин и научно валидизиран пристап кон решавање на проблемот: покачете им плати на луѓето кои ги контролирате. Или тие ако пушат? 

Историска одлука на Челси за сите вработени

Лидерот во Премиер лигата од 1. јануари следната година ќе стане првиот професионален клуб во кој на сите вработени директно поврзани со клубот ќе им биде гарантиран барем минималец.

Тврдата корка на Мекдоналдс

Преку Њујорк, вработените во американските ланци за брза храна започнаа со штрајкови и протести на национално ниво, барајќи зголемување на мизерната дневница. Фирмите се жалат дека кубурат а сметката е ваква: