Иако покачувањето уште важи како што беше ветено, тоа доаѓа по цена на укинување на бенефиции како месечни бонуси и награди за работниците најмени на час, група на која отпаѓа добар дел од персоналот во огромните магацини на Амазон.
По ова, дел од вработените во магацините изјавиле дека со промените ќе заработуваат помалку отколку што заработувале пред кревање на минималната плата. Гардијан објави дека работниците во магацините на Амазон добиваат по една акција на компанијата на крајот од секоја година, а за секоја петта година имаат бонус од уште една акција.
Објаснувањето на Амазон е дека ги заменуваат бонусите со зголемување на минимална плата затоа што работниците повеќе преферирале „предвидливост и достапност на пари“ отколку бонус во акции.
Се проценува дека покачувањето на Амазон ќе опфати околу 350.000 работници (вклучително и оние во Хол Фудс).