доколку Мекдоналдс (тоа се едни сендвичи кои ги има во странство) на сите свои вработени, од прв до последен, двојно им ја качи платата, цената на хамбургерот ќе порасне речиси безначајно.
Минималецот на вработен во екдоналдс изнесува 7,25 долари на час. Генералниот на компанијата заработува 8,7 милиони годишно. Доколку на првите саатницата им се качи на 15 долари а ЦЕО-то добие 17,5 милиони, крајната цена на еден хамбургер ќе се качи за 68 центи, од $3.99 на $4.67. Доколку покачувањето не важи за ЦЕО-то, хамбургерот на Мекдоналдс би бил безначајно поскап.
Бројките, изведени од една универзитетска студија е она што минималците во Мекдоналдс природно го чувствуваат: дека на нивната компанија не и тешко да ги подобри условите за вработените и да им даде плата од која може да се живее.
Неколку недели пред штрајкот, менаџментот на компанијата им порача на незадоволните во своите редови да размислуваат за второ вработување за да го пополнат својот домашен буџет.
Мекдоналдс во САД има 500.000 вработени а во последниот квартал пријави профит од 1,4 милијарди долари.