Работна верзија на највлијателниот документ на Светската банка, Извештајот за светскиот развој, предлага намалување или укинување на договорите за минимална плата, зголемувања на правата на работодавците околу вработувањето и отпуштањето луѓе од работа и општо олабавување на регулативата на трудот која се оценува како оптоварувачка за компаниите.
Според нив, ова се неопходни потези како работодавците не би се решиле да инвестираат во автоматизација и нови технологии и на тој начин да ги елиминираат работниците од производниот процес. Светската банка решава да не се замара со поинакви предлози, на пример да се зголемат давачките на корпорациите.
Се разбира, ваквите препораки првенствено се упатени на главните клиенти на Светската банка, најсиромашните, тоест најзадолжени земји во светот.
Некои оценуваат дека ваквите размислувања се најава на почетокот на крајот на нашминканиот капитализам во кој тој се чинеше способен да прави баланс меѓу капиталот и човечкиот живот и враќање на апсолутната доминација на правата на капиталот врз оние на човекот.
Сиромашните земји често се под тежок товар на долгови кај организации како ММФ и Светската банка. Понекогаш затоа што на тој начин морале да ја плаќаат својата слобода (како Хаити кои до 1947 година добар дел од своето БДП одвојуваа за обесштетување на поранешните француски колонизатори), понекогаш затоа што.нивното богатство било ограбено за време на колонијалниот период, а понекогаш затоа што богатите земји кредитори успеваат во соработка со локалните гангстерски политичари да ја цицаат земјата и нејзиното национално богатство.
Пред пет години, во својот извештај од 2013 година, Светската банка заклучи дека трудовата регулатива има мала или никаква улога врз нивото на вработување. Денес порачува дека ако на работодавецот отпуштањето му е прескапо, помалку ќе вработува.
„Високите минимални плати, строгите договори за работа и претераните рестрикции за вработување и отпуштање, сето тоа ги прави работниците поскапо решение во конкуренција со технологијата“, ладнокрвно се наведува во извештајот, според пренесувањата на Гардијан.
Во предлозите на работната верзија на извештајот се форсираат политики за екстензивна дерегулација на пазарот на трудот, флексибилни процедури за отпуштања и работни договори со нула часови.
Последново значи дека ќе имаш договор со фирма која ќе може да те повика кога ѝ се сака ама истовремено нема да ти гарантира никаков ангажман, тоест плата. Па оди ти планирај си го животот.
Нашите (Тевдовски, Богов) се таму. Со патетична егзалтираност на локалните будали.