Пола Романци се на минималец

Не затоа што мислиме дека нема што да бара Македонија во Европа, туку заради оние наивни души (платените не ги рачунаме) кои искрено сè убедуваат дека сè им ќе биде подобро само што ќе нè примеле во ЕУ. Оние кои наместо денес да си ја поправат чешмата, денес да си го средат балконот, денес да возат попристојно и денес да висат помалку на Фејсбук, си прават бајрам на паметот дека пред „историска шанса“ утре да им се поправи чешмата, утре да им се среди балконот....

„Речиси половина вработени Романци се на минимална плата“ известува Романија Инсајдер прецизирајќи дека тој минималец кој го добиваат 46% од Романците воопшто не е скандинавски лагоден туку се сведува на бруто од 408 евра.

Истовремено, оние Романци кои земаат бруто плата од 700 евра се само 16% од вработените.

Уште еден загрижувачки тренд е падот на стручната работна сила во однос на растечкиот број на неквалификувани лица. Тоа е посебно видливо кај младите, оние под 30 години, меѓу кои уделот на неквалификувани е двојно поголем од оние со некакви професионални вештини и образование.

Младите. Во Романија. Неквалификувани.

#ЕвропскиРеформиВоОбразованието

Пишувавме ние и други детали за Романија. Ако ви се чита нешто додека влеземе во ЕУ (а има време).

9 јули 2018 - 19:33