Времето е важно на аеродром, особено кога го немаш или пак кога го имаше премногу (кој кмишел, знае колку бавно таму проаѓа).
Холандскиот аеродром Скипол (попрецизна транскрипција е тешка со наши букви) има згодно решение како да го сврти вниманието на луѓето кон времето. Аеродромот има часовник кој изгледа како да е со човек позади стаклото кој рачно ја црта секоја стрелка за секоја измината минута.
Се работи за 12 часовна снимка од „човекот во саатот“ кој е во плаво, жолта, црвена силуета, како омаж на Мондријан. Часовникот е дело на познатиот холандски уметник Мартеен Баас. Уште еден детал: часовникот е сметстен во интернационалниот дел на аеродромот па можат да го видат само оние патници кои преку Скипол ја напуштаат ЕУ, а не и оние кои се шеткаат меѓу холандските градови.
За болницата и гробиштата овде