Планот го соопшти премиерот на Данска во својот говор пред парламентот, порачувајќи дека иднината на земјата треба да биде зелена. Првата најава за забраната дојде минатата недела од данскиот министер за енергетика, кој освен намерата не објави никакви дополнителни временски рамки.
„За само 12 години ние ќе забраниме продажба на нови дизел и бензински автомобили. А за 17 години, секој нов автомобил во Данска ќе мора да биде електричен автомобил или да е друга форма на автомобил без штетни издувни гасови,“ порачал Расмусен, со што го најави и укинувањето на хибридните автомобили до 2035.
Целта од 1 милион електрични автомобили би значело дека 50% од сегашните 2 милиона приватни автомобили ќе треба да бидат заменети до 2030. Ваквата намера се коси со одлуката на владата од 2017 со која беа укинати субвенциите за купување на електричен автомобил.
Најверојатно планот ќе биде спроведен преку играње со царинската стапка на увезени автомобили, која, затоа што Данска нема сопствена автомобилска индустрија, може да достигне и 180%.
Паралелно со промената на возниот парк на земјата, ќе се одвива и трансформација енергетскиот сектор во која планирано е до 2050 целата електрична енергија што се троши во Данска да не се добива од фосилни горива.