Листата по која Албанија е рекордер по ова прашање ја изработил магазинот Монитор врз основа на новите податоци од Еуростат за бројот на апликации за азил во последните 12 месеци, вкрстени со податоците од Светската банка.
На таа листа Сирија е втора, со рата од 4,7 апликации на 1.000 жители а Грузија трета со 3,9. Ирак и Палестина исто така имаат високи нивоа на апликанти за азил. Во топ 30 листата се главно земји кои се погодени од војни или длабоки внатрешни конфликти но има и онакви во сериозни економски кризи, како што е Венецуела и Турција.
Во апсолутни бројки, најмногу азил бараат од најбројните: Сирија, Ирак, Авганистан, Нигерија, Пакистан, Еритреја...
Во земјите на ЕУ, во последните 12 месеци од Албанија се регистрирани 18.600 барања за азил. Шпицот во апсолутни бројки се случил во 2015 кога имало 60.000 албански апликации.
Азилантите се само една манифестација на лошите демографски трендови во Албанија. Тие се придружени со историски најниската стапка на новородени бебиња и рапидното стареење на нацијата. За да го ублажи тој тренд, владата на Еди Рама најави големо покачување на субвенциите за новороденчиња. Наместо досегашните скромни 45 евра, родителите ќе можат да очекуваат помош и до речиси 1.000 евра за бебе.
Претпазливите аналитичари оценуваат дека причините за лошата демографска клима се пресериозни за да можат да анулираат со бонуси за бебиња.