Сосема приземен Швајцарец

За време на генералното собрание на ОН, еден Швајцарец го привлече вниманието опуштено седнувајќи на тротоар да одмори нозе. Не е кој било Швајцарец. Претседателот им е.

Фоторепортери го фатија Ален Берсе како без многу размислување и позирање, сосема нормално седна на еден њујоршки тротоар да одмори нозе и да продолжи да ги разгледува своите белешки. Тој истовремено е и министер за полиција и еден од седумте ротирачки претседатели во главниот швајцарски кабинет.

Љубопитност околу овој човек дополнително ги изненади новинарите: открија дека престојува во сосема обичен хотел каде што сам си готви храна. А за закажаните средби во Филаделфија, од Њујорк си фатил воз.

Не е тој уникатен. Пред некое време, седната на скали во преполн воз беше уловена и министерката за транспорт и животна околина.

На железничка станица, без никакво обезбедување, пред неколку години беше снимен и тогашниот претседател Дидие Буркхалтер, а од оваа навика да се оди без обезбедување досега страдаше само министерката за надворешни работи Мишелин Калми Реј кога доби пита во лице од еден гневен граѓанин. После инцидентот, таа не ја смени својата навика за слободно шетање без придружба на обезбедување.

Еден дечко од Уганда реши да ја покаже разликата меѓу швајцарскиот и неговиот претседател.

 

 

4 октомври 2018 - 15:58