Опцијата треба да биде достапна со октомврискиот апдејт за Виндоус 10 преку новата Виндоус апликација „Јоур фоун“, која за сега се поврзува само со Андроид и преку десктоп нуди пристап до апликациите што таму ги имаш инсталирано.
Во прва фаза апликацијата ќе нуди пристап само до твоите фотографи и пораки, потоа ќе може да се прави трансфер на веб-страни, а во последната фаза, за која се уште не се знае точниот датум кога ќе биде пуштена, ќе имаш пристап до сите апликации што си ги инсталирал на смартфонот.
Апликацијата се доживува како „значителен чекор за поврзување на Виндоус 10 и мобилниот еко-систем по неуспехот на Виндоус телефонот“.
Се уште не е познато, дали и кога оваа опција ќе биде пуштена во употреба за корисниците на Ајфон.