Судски записи обелодените деновиве покажуваат дека Одра Кристијансен, поранешна Плејбој убавица, му се доверила на Хефнер во 2005 година дека е една од преживеаните жртви на манипулациите на Епстин и го замолила шефот да го контактира ФБИ за нејзиниот случај.
Таа верувала дека властите посериозно ќе ги сфатат поплаките ако доаѓаат од познат медиумски могул како Хефнер отколку таа сама да го пријави Епстин.
ФБИ најавил дека ќе ги истражи наводите но Кристијансен од Бирото не добила одговор сè до 2020 година.
Судските документи откриваат дека Кристијансен се сретнала со починатиот сексуален предатори и „пред да се свести, била гола и силувана од Епстин“ а потоа тргувана по луѓе цели 10 години.
Во тужбата што ја поднела таа и уште 33 жртви на Епстин, се наведува дека ФБИ ги прекршило задолжителните протоколи за работа по кои морале да ги истражат наводите и тврдењата, со што оставило простор за продолжено страдање на постоечките жртви и внесување нови жртви во ланецот на Епстин.