Американски филџан вишок

Во САД смислиле начин како да добиеш бесплатно кафе ама тоа после да ти преседне. Ќе сркаш џабе ако им дадеш комплет податоци за себе, за да можат после до бескрај да те дрват спонзори.

Ширу е студентско кафуле во Провиденс, во близина на Универзитет Браун. Служат само студенти кои можат и да си го платат кафето, ама овде имаат и друга опција.

За да го добијат бесплатно, треба да остават свој телефон, меил, профили на социјални мрежи како и детален опис на предметите кои се посетуваат. Практично да пополнат еден сеопфатен онлајн формулар за себе, податоци кои потоа тие ќе ги понудат на заинтересирани корпоративни спонзори.

Некои студенти немаат ништо против да ги дадат своите податоци за гага кафе бидејќи велат дека до нивните податоци и онака може да се стигне регуларно преку интернет. Некои пак пробуваат да организираат бојкот бидејќи трампата им се чини нефер. 

Студентите кои ќе се отворат главно биваат ловени од фирми кои се во потрага по одредени профили млади професионалци. Ширу веќе имаат ланци кои оперираат во Јапонија и Индија и таму главни спонзори им се компании како Микрософт, Нисан, Сузуки.

Според една статија во Хералд, 40% од новите вработувања во јапонскиот ЈП Морган дошле преку кафулињата на Ширу. 

Во овој век податоците ќе бидат најзначајниот капитал а политиката ќе се претвора во борба за надзор и контрола над тој капитал,“ пренесовме во „Технологијата ги фаворизира тираниите“.

На другата страна на светот:

1 октомври 2018 - 15:54